Нашиот СПА центар работи со висококвалитетни локални продукти / лековита морска кал од Поморие, луга, алги, морска вода / и третманите кои ги нудиме се насочени како кон луѓе со здравствени проблеми, така и кон гости кои сакаат само да се релаксираат и да се погрижат за своето тело.
Програмите се насочени кон превенција, лекување, обновување или целосна релаксација. Пакетите од кои гостите можат да избираат, се: Артрорема / при заболување на локомоторниот апарат / Таласо програма / за зголемување на имунитетот на организмот / Анти стрес пакет / при физичка и психичка исцрпеност / Мини релаксација / за подобрување на имунитетот и при напрегање / и Велнес пакети кај кожни заболувања и кај болест на горните дишни патишта.
Туристите можат да уживаат во традиционалната бугарска и морска кујна во пријатна атмосфера на летниот ресторан градина или во Bar & Grill ресторанот, а во топлите вечери да се восхитуваат на прекрасниот морски поглед од терасата на нашиот Скај бар.
Гостите можат да почувствуваат духот на Поморие и да ги посетат локалните историски и културни знаменитости - Музеј на солта / еден од 100-те национални туристички локалитети / Туристички центар "Поморијско езеро" / во него гостите можат да се запознаат со локалната флора и фауна, да научат за иницијативите за заштита на животната средина и да им се организираат предавања, како и обиколка на регионот /, Античката тракиска куполна гробница, Историскиот музеј и манастирот "Свети Ѓорѓи". Поради оваа причина Поморие е погодна дестинација не само за балнео и СПА - туризам, но и за за културен, еко, фото- и орнито туризам. Уникатен спој на здрава клима, атмосфера, професионална услуга и безброј можности за активен одмор, патувања и забава се дел од авантурата наречена СПА-хотел " St. George ".
Убавината на морето, авантуристичкиот дух на крајбрежниот град, музејските експозиции, здравата и пријатна клима, во комбинација со удобноста, комфорот и спокојството, како и персоналната грижа за секој клиент може да бидат Ваше исполнето задоволство!
|