Еднодневен пакет во семејна вила или апартман со појадок во комплекс Русковец Резорт, Добриниште
Добриниште е прекрасна комбинација од алпска природа, бањи и атмосфера на типично традиционално место. Оваа уникатна комбинација го претвора од село со богата историја во преспективно одморалиште. Балнеолошките традиции за лекување во Добриниште датираат од антички времиња. Градот има свои скијачки патеки и лифт, модерни градини со игралишта, аптеки, продавници, а исто така и многу познати таверни. Градот има голем потенцијал да се претвори во модерен СПА и ски центри. Четириѕвездниот хотел "РУСКОВЕЦ РЕЗОРТ" се наоѓа во туристички град, кој се наоѓа во еколошки чист регион и на исклучително убаво место во градот Добриниште, од каде што се открива неверојатна глетка кон најубавиот дел на Пирин. Овој нов и модерен хотел е лоциран само 5 км од ски одморалиште Банско и на 7 километри од голф терените Ian Woosnam во Разлог. Комплексот се состои од 22 едноспални и 11 двоспални супериор апартмани, распоредени на 4 спрата во главната зграда на хотел, меѓу 12 самостојни луксузни вили и нуди удобност, спокојство и нега за убавината и здравјето во секоја сезона. Комплексот е опкружен со борова шума и поседува сопствен бањи со лековити својства за заболувања на локомоторниот апарат, кожни, невролошки, гинеколошки и други видови краткотрајни и долготрајни проблеми со здравјето. Хотел "Русковец Резорт" е создаден за вашиот одмор и задоволство, и располага со:
Junior Suite:
Senior Suite:
Comfort Family Villa:
|
Коментари |
---|