0 коментари

Новогодишни пакети со појадоци и новогодишна вечера во Хотел Турист, Чепеларе - Р. Бугарија

На 220 километри од Софија, на 70 километри од Пловдив и 10 километри од Пампорово, ве очекува еден насмеан град кој ќе ве натера брзо да заборавите на сивото секојдневие и на заморот.
Во ова зелено катче на прекрасните Родопи уредно во самобитен стил можете да најдете неверојатно спокојство меѓу чист воздух и интересни природни феномени.По желба на гостите може да бидат организирани тури до Јагодинската Пештера, Пештера Ухловица и Ѓаволско грло и многу други природни атракции во регионот .
Не пропуштајте да уживате во сите овие задоволства и да одморите во пријатната атмосфера на хотелот "Турист"!
Сите соби располагаат со кабловска телевизија, бања, фрижидер. Мебелот е согласно современите барања за категоријата на хотелот.
Хотелот располага со 7 двојни соби, 3 тројни соби, 3 апартмани, 3 студиа, детско катче, ресторан, летна и зимска градина, или вкупно 44 места. Од нив се открива прекрасен поглед кон планината.
Ресторанот располага со 60 места, летната градина може до собере до 20 гости, од каде се открива панорамски поглед на градот и планината.
Гостопримливите домаќини ќе ви понудат локални јадења по избор – прочуениот родопски пататник, мекици, катми, качамак, ражен, родопски овчо кисело млеко, пастрмка на скара и многу, многу други специјалитети.
Се предлагаат бело и зелено училиште, прошетки и излети во Родопите.

Коментари



Вашиот коментар: