0 коментари

Еднодневен пакет со појадок, ручек и вечера во Апарт Хотел Блу Беј Палас, Поморие

На располагање на гостите се голем надворешен базен, лежалки за релаксација и сончање, надворешен бар со богат асортиман од одлични коктели, ресторан со отворен надворешен дел, којшто предлага традиционални бугaрски јадења и вкусни специјалитети.
Блискиот парк и свежиот морски ветрец ги освежува гостите на комплексот во жешките летни денови. Во парк зоната има специјално катче за оние кои сакаат да направат пикник и скара. За љубителите на водените спортови, пловењето и риболов  има прекрасна можност - морето во реонот е мирно и чисто. Во непосредна близина се наоѓаат најубавите плажи во Поморие.
Апарт хотелот "Блу Беј Палас" е омилено место за одмор на семејства со деца поради лесниот пристап до плажите, мирното Море со плитко дно, детско катче, детски базен, можноста да се подготвуваат омилените јадења на децата во кујните на студиата и апартманите или да имаат се храните  во добрата кујна во ресторанот на хотелот.
На 10 минути пешачење од комплексот се наоѓа "Новиот град", со продавници, кафулиња, ресторани и друга најразновидна забава, како и автобуската станица за "Стариот град" и другите блиски одморалишта, како и до блискиот град Бургас.
Комплексот нуди:
• Рецепција
• Ресторан и кафе
• Паркинг и подземна гаража
• Детско катче
• Отворен базен со детска секција и зона за лежалки
• Парк зона за одмор
• Скара
• Лифт во секој влез
• 24-часовно обезбедување
• Кабловска телевизија
• Бесплатен Wi-Fi интернет пристап
• Трансфери

Не пропуштајте да ги посетите и:
• познатото Поморијско Езеро;
• Единствениот од ваков вид во Бугарија и на Балканскиот Полуостров специјализиран Музеј на солта;
• Единствената тракиска куполна гробница;
• Архитектонскиот резерват "Стари поморијски куќи";
• Споменикот на Пејо Јаворов;
• Средновековната црква - "Преображение Господово";
• Храмот "Рождество на Пресвета Богородица";
• Манастирот "Свети Ѓорѓи";
• Историскиот музеј;
• и да ги пробате неверојатните вина на поморијските винарии.

Коментари



Вашиот коментар: