0 коментари

50% попуст на еднодневен пакет со појадок, ручек и вечера во хотел Green Park, гр.Китен

Хотелот е на шест спрата и нуди прекрасни услови за одмор и рекреација за семејства со деца. Располага со 150 двокреветни соби, климатизирано фоаје со рецепција, лифтови, лоби бар, менувачница, продавница, лекарски кабинет и интернет кафе, сефови со доплата,. Пространите соби со два редовни и еден дополнителен кревет, клима уред, фрижидер, телевизор со кабловска телевизија, телефон, бања и тоалет со туш и фен, тераса со поглед кон базенот или паркот.
Ресторанот на хотелот е лоциран на две нивоа - затворена сала со 200 места и тераса со 400 места.
Атракции и знаменитости:
Комбинацијата на шумата од блиската планина Странџа и морето придонесува за шармот на малата туристички населба Китен. гратчето се претвора во рајско место во текот на летната сезона. Плажите се можеби основниот природен ресурс кој условува развојот на Китен како туристичка населба. Во близина на Китен е и природниот парк "Ропотамо". Тој е прогласен за национален резерват во 1940 година. Паркот го опфаќа устието на реката Ропотамо во Црното море и има површина 847 хектари. Во границите на паркот има 4 резервати - "Змиски остров", "Морски пелин", "Аркутино", "Водни лилии".
Градот Китен се наоѓа на околу 55 км на југ од Бургас, и на 5 км од градот Приморско.

Коментари



Вашиот коментар: