0 коментари

50% попуст на дводневен пакет со појадок и вечера + влезница за градскиот музеј во Хотел Деспот Слав, Мелник

Изграден целосно во традициите на типичните стари Мелнички куќи - со камени основи и ѕидови, врати од дрво, прозорци од обоено стакло, мебел од ковано железо и стакло во "Ретро" стил, хотелот располага  со предностите на современата цивилизација - телефон, дигитална телевизија, сопствен санитарен јазол и мини бар во секоја соба. Хотелот располага со 14 двокреветни соби со спална, 2 двокреветни соби со единечни кревети, 4 трокреветни соби, 2 триѕвездни  апартмани со капацитет 3 луѓе и 2 апартмани категорија три ѕвезди со капацитет за сместување до 4 луѓе. Богатата античка култура и мноштвото историски знаменитости во градот Мелник го рангира меѓу најголемите богатства на Бугарија. Мелник е место со вековната винска традиција што го прави ова чудо место идеален избор, како за домашните туристи така и за гости љубители на добрата храна, виното и културата.

Местоположба и знаменитости:
Во месноста има бројни интересни места како манастирот на Ванѓа во месноста Рупите, Роженскиот Манастир, Мелничките  пирамиди а самиот град Мелник е под заштита на УНЕСКО. Бројни пешачки патеки започнуваат од градот. Хотел и Ресторан "Деспот Слав" е лоциран на главната улица на стариот град, со одличен поглед кон Мелничките пирамиди, параклисот Света Зона, а во непосредна близина има  остатоци од древна Црква. Климата во месноста е погодна за луѓето со проблеми со дишењето и има над 250 сончеви денови во годината.

Коментари



Вашиот коментар: