Еднодневен пакет со појадок и вечера во Куќа за гости "В’лчановата куќа", с. Фотиново
Куќа за гости " В’лчанова куќа " има дванаесет стандардни соби, четири делукс соби и два апартмани. Секоја од пријатните соби во на В’лчановата куќа има убава тераса со панорамски глетки кон боровите и листопадни планински врвови. Таверната ве преќекува со топол камин и пријатна музика. Стариот амбиент, изразен во убавите резби, делани камења и вкусно приготвената храна ја надополнува сказната на планината Родопи. Во близина можете да ги посетите: тврдината Перистера, пештерата Снежанка, Баташката црква. Село Фотиново се наоѓа во северозападните Родопи, источно од Батак и 30 километри јужно од градот Пештера, згушено во пазувите на зелените шуми, тоа може да ве плени со убави глетки и незаборавни искуства. Со чисти боров воздух, следејќи ја бистрата планинска Фотинска рака, ве водиме до прекрасната планина Родопи. Минувајќи по стари Римски мостови и еко патеки, заобиколени од мирисот на шумски цветови и ароми и од песната на птичките, се спуштаме кон неповторлива Фотински водопади. Првиот водопад е висок 6-7 метри, вториот највисок и буен, е 17-18 метри и 5-6 метри е третиот и најмал, но идеално го надополнува целосниот панорамски поглед на трите водопади, со вкупна висина од околу 30 метри, кои се наоѓаат на 900 метри надморска височина. |
Коментари |
---|