0 коментари

Тридневен или четиридневен пакет со појадок и вечера + користење на СПА услуги во Mountain Boutique Hotel & SPA***, Девин - Бугарија

Областа околу Девин е исклучително богата со природни објекти и знаменитости - клисури, пештери, карпести формации, заштитени месности и природни резервати.
Интересни атракции во регионот се: Триградската клисура, пештерата Ѓаволско грло и Јагодинската Пештера, кои се вброени  меѓу стоте Национални објекти на Бугарија.
Во нивна близина се наоѓа Орлово око, од каде што се набљудува  Орфеевата планина од птичја перспектива и ве тера да се прашувате дали не се наоѓате на врвот на светот ?!
Месности: Струилица и Лаката, кои се меѓусебно поврзани со десетици мали живописни  мостчиња. Минувaш над реката и имте чувство дека Сте се нашле во "волшебните" Родопи од бајка на некој писател ...  Овде, во оваа приказна ќе  наидете и на водопадот "Самовилското прскало", Водата  паѓа од 70 метри височина, а над него се наоѓа Самовилската ливада, чие име го носи. Легендите раскажуваат за волшебните  самовили кои живееле во месноста. Тој е еден од најимпресивните водопади во Бугарија.
Карпестиот феномен Слонот каде се прашувате дали ова го направила природата или некој локален скулптор работел со длето години ..
А меандрите на реката В’ча и на Триградска река се инспирација за многу знајни и незнајни писатели и уметници. Овде можете со часови да се восхитувате на пејзажите, кои различните сезони ги сликаат со чудесн  бои  и овие волшебни слики ќе Ве натераат овде да се навраќате  повторно и повторно. Необично живописна е клисурата кога во мај по белите мермерни камчиња цветаат виолетовите бои на родопскиот силиврјак – цвеќето безсмртниче родено од солзите на Орфеј по својата сакана Евридика.

Коментари



Вашиот коментар: