0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера + СПА во хотел Танне, Банско

Хотелот располага со 25 луксузно опремени двокреветни соби кои може да се користат и за поединечно сместување. Во просториите на хотел "Танне" вешто е комбиниран традиционалниот бугарски стил со модерен луксуз и комфор, и создаваат незаборавен атмосфера, спокојство, удобност и комфор.
Сите соби имаат телевизор со сателитска и кабелска телевизија, телефон за директна врска, аудио-озвучување, мини бар, фен, мини сеф, луксузна бања со када и собна услуга до 00:00 часот.
Хотелот има 5 апартмани, од кои 4 располагаат со камин.
Секој од нив има пријатен дневен престој со софа, масичка, каде може да се одржуваат средби, телевизор со кабелска и сателитска телевизија, DVD, аудио озвучување, сеф, втор телевизор во собата, луксузна бања со када и туш, втор тоалет за гости , мини бар и собна услуга до 00:00.
За спроведување на семинари, корпоративни обуки и состаноци хотелот располага со конференциска сала со 25 места, Мултимедијален проектор, флип-чарт, шрајб-проектор.
Ресторанот на хотелот е дизајниран во национален стил во духот на локалните традиции. Овде нудиме специјалитети од бугарската и европската кујна, широк избор на пијалоци и жива музика.
Располагаме и со пријатна слаткарница со тераса и прекрасни планински погледи, каде што служиме за појадок на нашите гости.
Фитнес центарот на хотел "Танне" е опремен со професионални апарати со брендот "PRECOR" и нуди пријатна атмосфера со телевизор, огледала и аудио озвучување.
Базенот во хотелот е внатрешен, со димензии 9 на 5 метри и длабочина од 1,40 до 1,80 метри. Температурата на водата е 33 степени Целзиусови. Сауна на хотелот "Танне" е финска и собира меѓу 5 и 12 луѓе.
Парна бања е од марката "TYLO" и располага со 4 места.
Хотелот располага со сопствен ски гардеробер.

Коментари



Вашиот коментар: