0 коментари

Еднодневен пакет со појадок + СПА во хотел Камена*** Хотел и Ресторант, Пампорово

Хотелот е отворен преку целата година и располага со 8 комфорни студија, 13 трокреветни и 21 двокреветна соба. Сите простории се елегантно опремени и имаат телефон, опремен мини-бар, бокал, кабловска телевизија, интернет, бања со туш кабина со луксузна козметика.
Студијата имаат спална , софа во дневната соба (софа кревет), луксузна бања со туш кабина или хидромасажна када. Двокреветните и трокреветните соби имаат два/три редовни кревети. Повеќето соби имаат балкон.
На располагање на гостите се:
Класичен ресторан со капацитет од 80 седишта, кој служи појадок и вечера на шведска маса;
Таверна во традиционален бугарски стил со 100 седишта и камин, во која се подготвуваат јадења од националната кујна и родопски специјалитети (меса на скара и на ражен, печено свинско месо, јагнешко на скара, качамак, пататник, сарми од винова лоза и зелка итн.) .
ВИП сала за 14-16 лица, просториjа за пушaчи;
Лоби бар со камин, кој дава пријатна атмосфера, удобност и топлина, како и неверојатен поглед на планината. Тој нуди широк спектар на топли пијалоци и алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Дополнителни услуги:
➢ Бесплатни сефови за скапоцености на рецепција;
➢ Загреана просторија за складирање на сопствена ски опрема;
➢ Паркинг;
➢ Спа зона со сауна, парна бања, џакузи, фитнес, студио за масажа;
➢ Wi-Fi во сите соби и заеднички простории на хотелот;
➢ Детско игралиште со забавни игри;
Хотелот Камена нуди бесплатен распореден шатл до и од Ски центар 1 и 2.

Коментари



Вашиот коментар: