0 коментари

50% попуст на тридневен пакет со појадок и вечера во Горски Дом, град Трјавна

Од Трјавна и целата долина се открива прекрасен поглед. Реонот е достапен преку целата година. Трјавна е лоцирана во центарот на Бугарија со лесен и удобен пристап од сите страни. На 20 километри од Габрово, 45 километри од Велико Трново, 245 километри од Софија, 270 километри од Варна, 170 километри од Пловдив, 100 км од Стара Загора, 250 километри од Бургас, 130 километри од Русе. Растојанието од Скопје е 470 километри.
Зградата се состои од подрум и два ката. Располага со 10 соби посветени на различни теми од културното наследство на Трјавна, со уникатен внатрешен дизајн на сликарката Ади Добрева, од кои две двокреветни соби со спална соба, четири двокреветни соби со спална и канапе и четири двокреветни соби со два кревети и софа , сите со бањи и тоалети и еден апартман со дневна и спална соба. Собите се широки и удобни, со изглед кон градот и имаат незаборавен поглед кон целата долина и возвишенијата отспротива. На првиот кат се наоѓа локал за 40 лица, во кој се нудат традиционална локална преродбенска кујна и здрави производи од локалните фармери. На вториот кат има повеќенаменска сала, со библиотека и катчиња за забава, детско катче и конференциска сала со 40 места. Кон сите простории се влегува низ дабов чардак со две скали, реплика на познатото Славејково школо во Трјавна. Зградата е удобна за индивидуални и групни посети, за корпоративни настани, конференции, семинари и обуки Хотелот располага со бесплатен брз безжичен интернет и паркинг за своите гости.

Коментари



Вашиот коментар: