0 коментари

Делнични и викенд пакети со појадок, вечера и јавање коњи во Хотел Мурсал, Јагодина

"Нема човек којшто да ја види Родопа планина со еден поглед.
Нема врв, на кој да се искачиш, за да ја познаеш со еден поглед. Треба да ја изодиш и да ја исстрадаш, та дури отпосле да ја собереш во срцето и да ја погледнеш - ама треба да имаш срце на орел. Не можеш да ја видиш Родопа со очите, треба да ја видиш со срцето. Со затворени очи, внатре во себе. "
Патувањето до хотел "Мурсал" е патување назад во времето. Архитектурата е инспирирана од традиционалните родопски градби, во комбинација со природните убавини на модерните времиња - спа зона, вклучувајќи соба за релаксација, зона за масажи, сауна, ведро, хидромасажен туш и брендот на хотелот - парна бања со мурсалски чај. А дрвените кошаци, одарот, миндерите се волшебен килим, којшто Ве носи во свет исполнет со хармонија, песна, чистота, каде човек може да се најде себеси. Освен со прекрасни пејзажи, хотел "Мурсал" ќе Ве маѓепса и со неодоливи ароми и вкусови. Во ресторанот  на посебен пиедестал е традиционалната родопска кујна, подготовувана по старите бабини рецепти со производи од месните дворови и ливади.
За слободното време: пешачките и велосипедски походи и прошетки до Јагодинска Пештера, пештерата Ѓаволско грло, месната атракција Орлово око, Ѓаволскиот мост и водопадот Ајдучки дол", резерват "Кастракли", музеј на пеперутката, патека на здравјето; off-road со џип до Орлово око; јавање коњи; екстремни маршрути во пештерите Јагодинска и Арамиска дупка; организирање на Пејнтбол во природа.
Меѓу селата Тешел и Јагодина се наоѓа најдолгата клисура во Бугарија. Овде Бујновска река ги прокопала карпите во должината на 10 километри. Тоа е и природно оформениот и единствен пат до Јагодина. Со ова природата како да сакала да го смири човекот и да му укаже на нејзината сила.
Лоцирана над хотелот "Мурсал" панорамската атракција "Орлово око", се наоѓа на 1563м надморска височина и е единствената од ваков вид во Бугарија.

Коментари



Вашиот коментар: