0 коментари

Еднодневен пакет за четири лица во Куќи за гости Куќи крај водата, Огњаново, Р. Бугарија

Куќите се изградени основно од природни материјали - дрво и камен, коишто им придаваат харизматичен карактер. Комплексот располага со сите погодности карактеристични за современиот начин на живот. За виртуозите во кујната е обезбеден комплетно опремена кујна, а сите останати можат да уживаат во кулинарските искушенија приготвени од нашиот готвач во лоцираната во близина атрактивна скара / BBQ. При претходно барање и потврда може да ја искористите и опцијата за предвремено сместување и подоцнежно ослободување на собите без доплата.

Тука може да ги искористат предностите на голем број дополнителни активности за секој тип на човек. За да го исполниме Вашиот крејбрежен сон ви нудиме - риболов, веслање со кану или мирна прошетка со педалинки. За љубителите на чистиот воздух и недопрената природа имаме  подготвено маршрути за планински велосипедизам и планински походи, а за сите кои сакаат да се препуштат на целосна релаксација и водат здрав начин на живот "Куќи крај водата" располагаат со фитнес, сауна, џакузи со минерална вода и можност за различни видови масажи со претходно закажување.

Кафе-бар "Веслачка база", детско катче и скара / BBQ лоцирани во непосредна близина на куќите за гости придонесуваат за пријатен и незаборавен престој во "Куќи крај водата".

Село Огњаново се наоѓа во подножјето на Родопите, во југозападна Бугарија. Местото е богато со топли минерални извори, кои биле користени уште во римско време.меката клима со медитеранско влијание клима во комбинација со лековитата и топла вода, којашто извира со температура од 43 ° С овозможуваат можност за СПА третмани преку целата година.

Коментари



Вашиот коментар: