0 коментари

Викенд и делнични пакети со појадок и вечера + користење на СПА услуги во Хотел Ајсберг***, Банско

Хотел Ајсберг, гр. Банско е на три ката и располага вкупно со 35 соби, од кои 25 двојни стандардни соби, 3 двојни проширени соби, 4 фамилијарни соби, 3 апартмани. Сите простории на првиот и вториот кат се со тераси, а просториите на третиот кат - со панорамски прозорци. Собите се пријатно опремени со спална или две поединечни кревети, мини бар, телефон, кабелска TV, бања со туш кабина и фен.
Хотелот има простран ресторан, лоби бар, две таверни, внатрешен базен со џакузи, сауна, парна бања, фитнес, две конференциски сали опремени со соодветна опрема / со 20 и 50 места /, ски гардеробер за сопствена ски опрема, Wi-Fi. Хотелот располага со ресторан со 70 места и таверна со 2 сали. Во пријатна атмосфера секој љубител на добрата бугарска и европска кујна ќе се наслади на вкусни и квалитетни јадења, одбрани вина и омилени пијалоци!

Хотелот на своите гости им нуди слободни дневни трансфери до ски-лифт станицата и бесплатен паркинг.

Банско е лоцирано во подножјето на Североисточен Пирин, на 925 м н. в., под највисокиот и убав Карст на планината. Најновиот и брзо растечки бугарски зимски центар нуди комбинација на чистата животна средина на планината и атмосферата на мал град, кој го сочувал шармот на архитектонско - историското наследство. Банско е родно место на познати бугарски преродбеници, поети, писатели, уметници, зографи и револуционери. Градот е познат по својата самобитност и култура, со оригиналнатa преродбенска архитектура и локалните кулинарски специјалитети (Бански шашлик, Банска капама, Бански старец).

Коментари



Вашиот коментар: