Спа Хотел Селект располага со 76 соби, од кои 29 луксузни соби и 47 стандардни, еден претседателски и еден вице-претседателски апартман, целосно опремена конференциска сала со капацитет од 150 места, како и модерен прес-центар. Неверојатна глетка кон вечно зелената планина Родопи се открива од пространиот ресторан со летна бавча. Љубителите на музиката можат да поминат една удобна вечер во Пијано Барот на хотелот.
Ресторан:
Луксузен амбиент, префинета кујна, соодветна услуга ... До сето ова може да Се допрете единствено ако го посетите ресторанот на Спа хотел Селект. Со традиционална бугарска и европска кујна локалот може да го задоволи и најпребирливиот вкус. Предлагаме и автентична Ерменска скара. Капацитетот на ресторанот е 150 места, како во текот на топлите месеци и летото може да уживате во спектакуларни погледи од летната градина на хотелот, додека се насладувате вкусни јадења, послужени од искусен персонал. • VIP Салата кон ресторанот е местото каде што може да се чувствуваат посебно, во интимна атмостфера, само вие со пријатели или едноставно на роматична вечера на свеќи!
На територијата на комплексот се наоѓа природен минерален извор од кој се напојува Спа центарот, изграден во префинет стил на антички Рим, како и базен со полу-олимписки димензии, детски базен и џакузи. Сауната, парната бања, Руската бања и Лакониумот, Тушот на задоволството следени од Собата за релаксација ќе го направат вашиот престој во "Спа хотел Селект" незаборавен. Спортскиот центар располага со два тениски игралишта, фудбалско мини игралиште, сала за пинг понг, куглање и билијард.
Минерален базен
Хотелот им нуди на своите гости базен со полу-олимписки димензии и џакузи, кои се целосно напојувани со минерална вода, температурата на водата варира помеѓу 28-30 степени во големиот базен и меѓу 33-35 степени во детскиот базен. Обезбедено е присуството на спасител за спокојството на гостите. Во топлите месеци и летото на располагање на гостите на Спа хотел Селект се надворешни шатори, каде може во сенка да се восхитувате на околната природа.
СПА центар
СПА центар на хотелот располага со: Бесплатна SPA зона за сите гости на хотелот, која вклучува: Базен со топла минерална вода и лежалки, детски минерален базен, минерално џакузи, финска сауна, парна бања, ароматична парна бања, лакониум, соба за релаксација со топли кревети, тераса со шатори (се користи во текот на летото); VIP SPA зона, која нуди различни хидроминерални терапии со ароматични масла и минерални соли, класични и лековити масажи, медицинска козметика, џакузи, амам и др. Неоспокојувани простории за масажа и искусни професионалци ветуваат целосен одмор на сетилата и потполна дискреција. Интериерот на просториите во СПА центарот е целосно аранжирана според концепцијата на различните класични и источни масажи и ритуали.
Креветот "Ceragem" е за комплетно слабеење, коешто што прави длабока термомасажа преку инфрацрвена топлина и зраци кои навлегуваат на 8 см. длабочина и ја подобрува крвната циркулација, како сеопфатно така и локално. За целта се користи полускапоцен камен жад (jade), кој ги обновува клетките, го ослободува телото од токсините, го намалува стресот и болката, и предизвикува слабеење.
Времетраењето на една процедура е од 15- до 90 минути, но препорачливо е времетраење од 10-15 минути во вредност од 5 €.
|