0 коментари

Четиридневен пакет со појадок, вечера и лифт карта во Куќа за гости Стојчеви, Добриниште - Р. Бугарија

Располагаме со девет луксузни двокреветни соби- за одбрани клиенти и добри познаници.
Ќе ви посакаме добредојде на чардакот, како наши стари пријатели ...
И во подножјето на планината, нека  заедно да  кренеме чаши во таверната.
А ако сте повеќе од двајца или водите со себе посебна дама - ќе ви го предложиме  нашето уникатно студио - место за одмор и осаменост од нова генерација ...
И ако одлучите да пробате од бугарското "SPA" ќе ви понудиме свежа парна бања за Вас дами и господа.

Сето ова комбинирано  со вкусни гозби, изненадувања и индивидуално пријателска услуга, како основни предуслови за незаборавна авантура - вашиот одмор кај нас во куќа за гости Стојчеви!
Зоната за скијање е со највисока точка при планинарскиот дом "Безбог" - 2240м. и најниска кај планинарскиот дом "Гоце Делчев" 1412м. Вклучува два лифта со вкупна должина 3200 метри., 3 ски влекачи - 2 кај  почетна станица и еден на Безбог; гардероба за скијање; училиште за скијање. Одлични услови за почетници скијачи, така и за напредни, а исто така и за сноубордисти. Патеката е со должина 5км., Широка е 25-30 м. И со денивелација  826 м;. За скијачи почетници, како и за децата идеално место е областа околу планинарскиот дом "Безбог",  како и делница кај почетната станица на жичарницата.

Коментари



Вашиот коментар: