0 коментари
Вршец е познат како НАЈЗЕЛЕНИОТ И ЕКОЛОШКИ град во Бугарија, лоциран во подножјето на врвот "Тодорини кули", во северните падини на Стара Планина меѓу голема долина по течението на реката Ботуња, оддалечен 85 километри северно од Софија и на 30 километри јужно од регионалниот центар Монтана.
Во околината на Вршец има интересни знаменитости и локалитети за рекреација и туризам. Најблиското и лесно достапно место е Водопадот - на околу 3 км. Кон месноста Бела Вода водат 2 рути – патека за пешаци и асфалтиран пат. Месноста Зелени дел, над кварталот Заножене е популарна дестинација за излети и кампување со шатори. За љубителите на планинскиот туризам интерес претставува врвот Тодорини кули - еден од највисоките врвови на Стара Планина. На 12 километри југозападно од градот се наоѓа Клисурскиот манастир. Остатоци од римски тврдини се откриени кај селата Черкаски и Долно Озирово во околината на Вршец. На околу 30 километри на југоисток е Природниот парк "Врачански Балкан". На околу 30 километри источно од Вршец е лоциран градот Враца, во чија околина се пештерата ЛЕДЕНИКА и резерватот ЗМЕЈОВА ДУПКА.На околу 60 км. северозападно се наоѓаат феноменалните БЕЛОГРАДЧИШКИ СКАЛИ и пештерата МАГУРАТА. 16 километри северозападно од Вршец се наоѓа градот Берковица.
|