0 коментари

Двoдневен и тридневен пакет за двајца со појадок и подарок шише вино во Туристички Kомплекс Божур

ЛОКАЦИЈА:
Општина Средец е сместена во југоисточна Бугарија и е една од најголемите по површина општини во Бугарија - зазема територија 1146 километри квадратни - 1% од територијата на земјата. Таа е важен крстопат на три региони: јужното крајбрежје на Црното Море; Јужен централен регион; Република Турција. Општина Средец граничи со општините на: исток со Созопол и Малко Трново, југ со Турција, југозапад - Бољарово, запад - Елхово, Јамбол, Стралџа и север со Камено. Крстопат на патиштата за Елхово, Јамбол, Карнобат и Бургас, Средец е важен автотранспортен центар за населбите во средишниот дел на Странџа Планина.

ЗНАМЕНИТОСТИ:
Општината е богата со историски, археолошки и етнографски споменици: античкиот град Деултум, доцноантички и средновековни тврдини во Дебелт, Средец, Факија, Росеново, Богданово, Буково, Кирово, Јаболково, Момина Црква и др. Долмени и тракиски могили кај селата Кирово, Горно и Долно Јаболково , Богданово, Факија и др., Етногафски куќи во Момина Црква, Буковскиот манастир и др. Има привремена изложба на археолошки материјали и етнографска ексозиција во град Средец, национална археолошка база "Деултум - Дебелт" - с. Дебелт. На територијата на општината се наоѓа единствениот манастир во јужниот дел на Бургаскиот регион - манастирот "Живоприемниј извор".

Коментари



Вашиот коментар: