0 коментари

Тридневен пакет со појадок, празничен Велигденски ручек, вечера + базен во Хотел Бор Семково

Хотелот располага со 54 двокреветни соби и 3 апартмани, сите со сопствен санитарен јазол, кабелска телевизија, локално парно и тераса. На располагање на гостите се и паркинг, затворен базен, сауна, парна бања, сала за релаксација, фитнес сала, интернет, конференциска сала, билијард, маса за пинг понг, дневен и ноќен бар, како и ски гардеробер, а од комфорниот ресторан се открива прекрасен поглед кон величествената Рила.
Одморалиштето"СЕМКОВО" се наоѓа на 18 километри од градот Белица, област Благоевград и на околу180 километри од Софија. Одморалиштето е сместено во подножјето на Јужна Рила /на  околу 1600 м.н.в. /. До Семково се стигнува по живописен планински пат, а самиот комплекс се наоѓа на широки ливади, опкружен со иглолисна и борова шуми. Над него се возвишуваат величествените врвови на Рила.
Ако патувате со автомобил од Софија или северозападна Бугарија, тогаш треба да минете или по пат Е 79 (Софија - Сандански), при Симитли да свртите и да дојдете до Разлог. Од таму се доаѓа до Семково. Ако патувате од Источна или централна Бугарија, тогаш е подобро да се дојде до Пловдив и од таму преку Велинград да стигнете до Семково.
Доколку патувате со автомобил, треба да знаете дека патот од град Белица до Семково е 18 километри, второкласен планински,  добро одржуван (и во зима) асфалтиран пат. Патот се чисти и опесочува, но при свежни врнежи неопходна е употреба на ланци. Од Белица до Семково се околу 30-60 минути пат.
Во случај доколку патувате без автомобил, треба да знаете дека можете да ги искористат предностите на автобуските услуги или возови. И покрај се, за да стигнете од која и да е локација до Семково, најпрво треба да поминете низ градот Белица!

Коментари



Вашиот коментар: