0 коментари

Еднодневен делничен и викенд пакет со појадок во Комплекс за одмор Орехите-Божичен, Р. Бугарија

Парк -центар Боженија е лоциран на една од најубавите тераси по течението на реката Русенски Лом. На работ на 80 метарска карпа со 180 степени Панорама кон реката, нашите гости доживуваат чувство на слобода и контакт со вселената. Високиот луксуз и стил во секоја соба, овозможува да се чувствувате удобно и мирно во Вашиот престој. Хотелот располага со голем ресторан во кој можете да уживате во неверојатни бугарски гозби. Базенот и летниот бар ќе го направат вашиот одмор спокоен и комплетен. Хотелот располага со конференциска сала со 20 места.
Куќи за гости "Црвена и зелена" се самостојно изградени куќи, одвоени со таверна, голема надворешна тераса со скара и кујнско катче, погодни за самостојно сместување на цела група до 22 места. Со директна видливост кон шумската месност и во близина на центарот на селото, таа е со совршена локација - удобна и практична.
Целиот комплекс "Орехите-Божичен" е лоциран на еднакво растојание од сите туристички објекти по течението на реката Русенски Лом.Културните и историски локалитети се само дел од знаменитостите кои овде можете да ги посетите.
Комплексот е на растојание 3 км. од Ивановски карпести цркви, Басарбовски карпест манастир, Пештерата "Орлова чука", "Средновековниот град Црвена" и на 17 км. од гр.Русе.

Коментари



Вашиот коментар: