0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера во Хотел Selena Beach***, Созопол

На само 100 метри од хотелот се наоѓаат добро одржуваните плажи, од каде што исто така се открива убава морска Панорама. Водата е кристално чиста и условите гарантираат одлична можност за релаксиран одмор во текот на целото лето. Созопол е најстариот град на бугарското црноморско крајбрежје.
Црквите во стариот дел се одликуваат со старите икони, прекрасните иконостаси во стилот на бугарските стари уметнички занаети.Особено интересна и карактеристична е архитектурата на Созополските преродбенски куќи. Градот е жив уметнички и културен центар, и е омилено место на луѓето на уметноста. Овде во септември традиционално се организира културниот фестивал "Аполонија", кој ги собира современите таленти на Бугарија. Популарна дестинација е и островот "Св.Иван", до кој може да дојде со лотка. Незаборавена екскурзија може да се направи и на реката "Ропотамо", која ќе Ве плени со убавата и недопрена природа и со една од најатрактивните скални формации во Бугарија – „Лавската глава”.

Коментари



Вашиот коментар: