0 коментари

50% попуст на пакети за двајца со појадок во Хотел Свети Никола, Созопол

На располагање на гостите на хотелот е летната тераса со поглед кон морската шир. Ресторанот нуди морски деликатеси и специјалитети од бугарската и интернационална кујна, приготвени од мајстор готвач.

Созопол се наоѓа во јужниот дел на Бургаскиот залив, на 36 километри од административниот и стопански центар на Југоисточна Бугарија - гр.Бургас, на 40 километри од Аеродромот Бургас и 36 км. од железничката станица Бургас.

Созопол е најстариот град на Бугарското крајбрежје на Црното Море - основан е во 610 год. п.н.е..
Славната 26-вековна историја е добро зачувана во атмосферата на градот. Основачите  - Грци од Милет - го нарекуваат Аполонија во чест на хеленскиот бог на уметноста и занаетите. Многу брзо античка Аполонија станува не само во значаен трговски центар, но и во место каде што се пресретнуваат еленистичката и тракиската култура. Низ вековите, градот е познат како Аполонија Понтика, што значи Аполонија на Црното Море, а исто така и Аполонија Магна - Голема Аполонија. Древни извори наведуваат дека Аполонија го прифаќа христијанството во 4 век и слично на голем број други градови, наречени на бог Аполон, се преименува во Созопол - "Град на спасението". Од средниот век Созопол се етаблира како голем рибарски центар, а денес го развива и зацврстува туристичкиот потенцијал.

Коментари



Вашиот коментар: