0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или со појадок и вечера во Хотел Метропол, Приморско

Хотел Метропол располага со сместувачката база од 50 места.
На 200 метри од хотелот има спортска сала, спортско-забавен центар, аквапарк, голф терен, тениски игралишта и други места за забава и спорт. Хотелот располага со стандардни соби, студиа и апартмани, сите се опремени со клима уред, сателитска ТВ, бања, балкон и фрижидер. Сите соби се со поглед кон морето. Зградата располага со летна градина, лоби бар и ресторан, кој нуди уникатна кујна, одлична услуга и конкурентни цени.
Градот Приморско е лоциран на мал полуостров на брегот на Црното Море, во подножјето на планината Странџа, која овде се сретнува со црноморскиот брег. Градот се наоѓа на 50 километри на југ од Бургас.
Благодарение на локацијата на границата на две географски ширини, таму каде што се спојуваат умерено континенталната и медитеранска клима, Приморско е топ дестинација за летување во Бугарија.

Коментари



Вашиот коментар: