СПА одмор на Пирин планина - Хотелски комплекс АСПА ВИЛА

Eднодневен пакет со појадок, ручек и вечера + користење на минерален базен во Хотелски Комплекс Аспа Вила, с.Бања - Банско Р. Бугарија



Хотелски Комплекс "АСПА ВИЛА" се наоѓа во с. Бања – реномирано место  за  балнеотерапија, лоцирано во централниот дел на Разлошката котлина, сместено  меѓу трите големи бугарски планини - Пирин, Рила и Родопи. Оддалечен е  на 5 километри од Банско – најмодерното  Ски-одморалиште на Балканскиот Полуостров, на 4 километри од Разлог, на 160 километри  од главниот град на Бугарија и меѓународниот аеродром  во  Софија.
СПА ХОТЕЛ "АСПА ВИЛА" е на 80 километри од грчката граница, а од Солун и Егејско Море е на помалку од три часа возење.
Природните и климатските услови и ресурси нудат можности за развој на зимски, летен, а исто така и за балнеотераписки туризам.

ЕДНОДНЕВЕН ДЕЛНИЧЕН ПАКЕТ: VIP цена: 3760 денари (61 €)
ВИП ваучерот е за ЕДЕН човек и вклучува:

За сместување во петок и сабота се доплаќа 8  € зна човек на ден

  • Едно ноќевање
  • Еден појадок
  • Еден ручек
  • Една вечера
  • Минерален базен 36-37 степени и минерално џакузи со температура на водата 37-39 степени
  • Парна бања
  • Сауна
  • Релакс зона
  • Ледено туш ведро
  • Интернет Wi-Fi
  • Обезбедуван паркинг
  • Туристичка такса

Подетална информација за минералната вода можете да видите ОВДЕ:

Хотелот располага со 41 просторија - соби и апартмани:
- 18 стандардни соби – 28 метри  квадратни со купатила со туш кабини;
4 апартмани - по 70 метри квадратни, во кои има самостојни спална и дневна соба, преодна просторија и две купатила, кон секоја од собите во него, како и со широка тераса со поглед кон борова шума;
Просториите располагаат со мека и удобна мебел, телевизор, стерео и мини бар, бесплатен безжичен интернет. Модерното осветлување е професионално и во согласност со целокупниот ентериер.
Ресторанот е со 150 места и располага со камин, скара, ражен  и фурна. Пространа тераса отвора прекрасен поглед кон планините.Менито на ресторанот вклучува вкусни европски јадења и класичен бугарски јадења, избрани локални специјалитети и широк избор на бели и црвени вина.
Базен-барот работи преку  летото и нуди пијалоци за секој вкус. Во останатото време  на располагање на нашите гости е нашиот лоби бар.
Хотелот е покриен со широкопојасен безжичен интернет.
Хотелот располага со отворен минерален термален базен, отворен преку целата година со просечна температура од 39 степени и четири самостојни джакузи-кади   со минерална вода, со можност за користење во текот на целата година.
По желба на гостите на СПА ХОТЕЛ »АСПА ВИЛА» единствена лековита минерална вода може да биде искористена и директно во собите на хотелот.
Уникатна за природата  на село Бања е присуството на минерални извори, со температура на водата 58 C.
Минералната вода е одлично средство  за превенција на разни болести на локомоторниот систем, а исто така хронични гинеколошки заболувања, воспалителни болести, болести на нервниот систем, формирање на камења во бубрезите, болести на жолчката, кожни заболувања, воспаленија на дишните патишта.
Минералната вода се користи за лекување на локомоторниот систем, нервниот и репродуктивниот систем, а исто така и за кожни проблеми. Својствата на водата се користи и за превенција на остеопороза.
Карактеристичен  квалитет на водата е нејзината енергија - по водните процедури се зголемува тонусот и човек се чувствува бодар.
СПА центарот во хотелот "Аспа вила" е опремен со парна бања, сауна, тангентор, фитнес и масажен кабинет.Служителите во  СПА центарот за секој гостин може да подготват   индивидуален пакет процедури со тангентор, бисерна када, аромотерапија, чоколадо  и винска терапија, парна бања и класични масажи.
Конференциската сала располага со 80 места и е соодветно место за организирање на семинари, конференции и бизнис состаноци.
Со цел целосно и пријатно искористување  на времето поминато во СПА ХОТЕЛ "АСПА ВИЛА" на располагање на гостите се: Пинг Понг, билјард, табла, шах, велосипеди.
Хотелот располага со детско катче во непосредна близина да ресторанот каде родителите спокојно  можат да ги остават своите деца.
Хотелот располага со сопствен превоз, што дава можност за транспорт на гостите до првата станица на ски лифт во гр. Банско, како и за организирање на екскурзии до природни, културни и историски знаменитости во регионот.
Природните и климатските услови и ресурси во регионот нудат можности за развој на зимски и летен планински туризам, како и на балнеотераписки туризам.

Услови на понудата

  • Вип ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број ваучери.
  • Понудата е за еден човек, при сместени двајца возрасни.
  • Сместување:
  • Деца до 5.99 години се сместуваат бесплатно со вклучен појадок.
  • Деца од 6 до 12 години плаќаат 30 € на база на пакетот.
  • За деца над 12 год. и трет возрасен се доплаќа 33 € на база на пакетот.
  • Секој гостин доплаќа туристичка такса во износ од 0.40 € на ден. 
  • Сите партиципации и доплати се вршат на рецепција во хотелот.
  • Пред купување на ваучер направете барање за слободни датуми на телефон:  +359 879/94 99 66.
  • По купувањето на ваучерот треба да ја потврдите вашата резервација, такашто ќе го  издиктирате бројот на ваучерот на телефон: +359 879/94 99 66.
  • Валидност на ваучер: од 06 март до 30 април 2022 година.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотелски комплекс АСПА ВИЛА

Комплекс "АСПА ВИЛА"
Село Бања, Р. Бугарија

Моб: +359 ******
E-mail: [email protected]
Website:
www.hotel-aspavila.com
Facebook: Aspa Vila

ВИП Понудата е предоставена от Хотелски Комплекс "АСПА ВИЛА"

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 06.03.2022 до 30.04.2022

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.