Првомајски и Велигденски празници во Боровец - Бутиков Хотел МУРА

Еднодневен пакет со појадок и вечера во Хотел Мура***, Боровец



Хотел "Мура" е триѕвезден  хотел лоциран во самиот центар на Боровец, наспроти  станицата на жичарницата. Класичната романтика на планинскиот хотел е комбинација на вешт и  храбар дизајн, динамични бои и сите удобства за градскиот човек.

ЕДНОДНЕВEН ПАКЕТ: 2338 денари (38 €) - 50% = 1169 денари (19 €)
ВИП ваучерот е за ЕДНО лице и вклучува:

  • Ноќевање во двојна соба
  • Појадок на шведска маса 
  • Вечера на шведска маса 
  • Пијалок (чаша вино или сок за децата) за добредојде 
  • Детско катче
  • Паркинг
  • Туристичка такса и ДДВ

Можност за доплата за празнични ручеци во ресторан Балкан, како што следува:

Велигденски ручек (01.05) - 10 € за возрасен и 5 €  за дете 2 до 12 год.
Мени: Пролетна салата (марула, краставица, ротквица, пресен кромид, варено јајце); Велигденско јагнешко печено со дроб сарма; Милиброд; Вапцани јајца; чаша вино или 50 гр. ракија од винарска визба Шато Копса; 1 сок или минерална вода.

Ѓурѓовденски ручек (06.05) - 10 € за возрасен и 5 € за дете од 2 до 12 год.
Мени: Пролетна салата (марула, краставица, ротквица, пресен кромид, варено јајце); Јагнешко по ѓурѓовденски со дроб сарма; торта; чаша вино или 50 гр. ракија од винарска визба Шато Копса; 1 сок или минерална вода.

Оброците се нарачуваат при вршење на резервација за ноќевање и се плаќаат на лице место.

Хотелот располага со 47 двокреветни и 19 трокреветни соби. Сите соби се со сопствена бања, телефон, телевизор и фрижидер / минибар, а собите на првиот кат - и со тераси.
Хотелот нуди ресторан со капацитет од 120 места, лоби бар со камин, интернет клуб и две конференциски сали со 20 и 50 места. За удобство  на семејствата со деца, има  и детско катче за многу забава.
Какво  е чувството за планината, чистиот воздух, восхитувачките панорами - без квалитативната храна? Ви го предлагаме  најдоброто од Балканот  во кулинарска смисла - во ресторан Балкан: од ражничи  до вегетаријански јадења, од класичните балкански јадења до најновите рецепти - сето тоа потопено во традиционалната бугарска атмосфера и комбинирано од благи (и не толку лесни) вина и ракија придружено од  звуците на уникатен оркестар.
И бидејќи на чист воздух брзо се наспивате, а кога ви врие крвта, ноќите се вашето време – повелете   во BUZZ Bar!
Ова е местото каде сте во Боровец по полноќ- со клупска атмосфера, модерно озвучување  и во центарот на забавата.

Услови на понудата

  • Ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Понудата е за едно лице, при двојно сместување.
  • Деца 2-12 година на дополнително легло плаќаат на рецепција 50% од редовната цена.
  • Возрасен на дополнително легло плаќа на рецепција 75% од редовната цена.
  • Задолжителна е претходна резервација на телефон: +359 878 551 560 (08: 00-17: 00 часот)
  • Ваучерите треба да се издиктираат на истиот телефон до 24 часа.
  • При неприлагање на ваучер на рецепција хотелиерот имаат право да одбие сместување.
  • Официјално потврдена резервација е онаа која по претходно барање и потврда за слободна просторија во хотелот се издиктира бројот на ваучерот.
  • Ваучерот е валиден само за периодот на потврдена резервација.
  • При непојавување на датата на направена резервација, бројот на ваучерот автоматски станува невалиден и не може да се користи за друг период.
  • Валидност на ваучер: од 29 април до 08 мај 2016 год.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Бутиков Хотел МУРА

Хотел "Мура"
К.к. Боровец, Р. Бугарија
Тел: +359 ******
E-mail: [email protected]
Е-mail: [email protected]

Website: www.borovetz-resort.com/hotel-mura

ВИП Понудата е предоставена од Хотел "Мура" К.к. Боровец

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 29.04.2016 до 08.05.2016

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.