Одмор во Девин, Бугарија - Семеен Хотел Mountain Boutique, Девин

Eднодневен пакет со појадок, вечера и користење на СПА услуги во Mountain Boutique Hotel & SPA***, Девин - Бугарија



Mountain Boutique Hotel & SPA *** е сместен во срцето на Родопските Планини, каде времето се чини како да застанало и овде  како да  има свој тек.
Магичните Родопите човек тешко може да ги објасни со зборови. Mountain Boutique Hotel & SPA е едно неверојатно чувство, емоција, љубов на прв поглед ... Тоа е како топол дом, кој дава чувство на спокојство, хармонија и слобода. Ако еднаш ја почувствувате магијата, секогаш ќе се навраќате овде повторно и повторно. На доаѓање  кон хотелот ќе наидете на прекрасни глетки и предели, какви што не сте очекувале дека постојат на светот.

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена : 1454 денари (23 €)
ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

  • Едно ноќевање во двокреветна соба
  • Еден  појадок
  • Една вечера
  • Една делумна масажа - 20 минути
  • Користење на сауна
  • Парна бања
  • Центар за релаксација
  • Интернет
  • Паркинг
  • Туристичка такса

Двокреветна соба со поглед кон планината
Потопете се во луксуз и комфор и чувство на магијата и удобноста на планината Родопи!
Уживајте во прекрасниот поглед од балконот на Вашата соба и отдадете се спокојство. Овде  Вашите соништа стануваат реалност!

Областа околу Девин е исклучително богата со природни објекти и знаменитости - клисури, пештери, карпести формации, заштитени месности и природни резервати.
Интересни атракции во регионот се: Триградската клисура, пештерата Ѓаволско грло и Јагодинската Пештера, кои се вброени  меѓу стоте Национални објекти на Бугарија.
Во нивна близина се наоѓа Орлово око, од каде што се набљудува  Орфеевата планина од птичја перспектива и ве тера да се прашувате дали не се наоѓате на врвот на светот ?!
Месности: Струилица и Лаката, кои се меѓусебно поврзани со десетици мали живописни  мостчиња. Минувaш над реката и имте чувство дека Сте се нашле во "волшебните" Родопи од бајка на некој писател ...  Овде, во оваа приказна ќе  наидете и на водопадот "Самовилското прскало", Водата  паѓа од 70 метри височина, а над него се наоѓа Самовилската ливада, чие име го носи. Легендите раскажуваат за волшебните  самовили кои живееле во месноста. Тој е еден од најимпресивните водопади во Бугарија.
Карпестиот феномен Слонот каде се прашувате дали ова го направила природата или некој локален скулптор работел со длето години ..
А меандрите на реката В’ча и на Триградска река се инспирација за многу знајни и незнајни писатели и уметници. Овде можете со часови да се восхитувате на пејзажите, кои различните сезони ги сликаат со чудесн  бои  и овие волшебни слики ќе Ве натераат овде да се навраќате  повторно и повторно. Необично живописна е клисурата кога во мај по белите мермерни камчиња цветаат виолетовите бои на родопскиот силиврјак – цвеќето безсмртниче родено од солзите на Орфеј по својата сакана Евридика.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Понудата е за еден човек, при сместени двајца возрасни.
  • Деца до 6,99 години на дополнително легло во двокреветна соба - 100% попуст.
  • Деца од 6,99 до 11,99 годишна возраст на дополнително легло во двокреветна соба – 10 €  на ден.
  • Трет возрасен на дополнително легло – 12.5 € на ден.
  • Доплатата се извршува на рецепцијата во хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 18 маj до 30 јуни 2018 година.
  • Неопходна е претходна резервација на тел: +359 883 20 44 00.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Семеен Хотел Mountain Boutique, Девин

Гр. Девин 4800, Р. Бугарија
Ул.
 Гимназиjална 2
Моб: +359 ******
Email: [email protected]
Website: www.mountain-spahotel.com

ВИП Понудата е обезбедена од нашиот партнер - Mountain Boutique Hotel & SPA***

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 18.05.2018 до 30.06.2018

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.