All Inclusive во Банско Бугарија - Хотел Риверсајд ****

Еднодневен пакет на база All Inclusive во Хотел Риверсајд Банско



Сместен во подножјето на Пирин планина, Хотел Риверсајд **** гр. Банско, ви овозможува да уживате 365 дена во годината на неверојатни природни предели, пријатно комбинирани со удобност и комфор, во добра услуга со насмевка и професионализам. За љубителите на кулинарските искушенија нудиме различни национални и Европски јадења. Центарот за релаксација се протега на површина од 1580 м2. Во него ќе најдете голем топол базен, џакузи, сауна, парна бања, солариум и фитнес кои во комбинација со различните масажи и третмани ќе помогнат на секој гостин да заборави на стресот и бурното секојдневие.
Хотелот се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот и стариот дел на убавото планинско гратче Банско. Основниот ски лифт сe наоѓа на само неколку минути оддалеченост. За Вашиот комфор обезбедуваме бесплатен превоз до ски лифтот во зимската сезона.
Хотелот предлага квалитетна услуга и исклучително пријатна атмосфера.

 

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: 2907 денари (47 €) - 50% = 1454 денари (23.5 €)

ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

  • Едно ноќевање во двокреветна стандардна соба
  • Исхрана на база All Inclusive
  • Внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи
  • Wi - Fi интернет
  • Паркинг
  • Туристичка такса

Локацијата на хотелот ви дава можност да ја почувствувате историјата на градот, да се прошетате по автентичните тесни калдрмени улички, како и да ги посетите многубројните традиционални таверни и ресторани. Уникатниот хотелски дизајн и атмосфера, во комбинација со хармонијата и спокојството на градот се совршена комбинација за Вашиот незаборавен престој во Банско.

Хотелот располага со:

  • 80 стилски декорирани соби и мезонети
  • Лоби-бар
  • Внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи 
  • Фитнес сала
  • Перална
  • Паркинг
  • Детска соба
  • Безжичен интернет
  • Конференциска сала за 50 луѓе

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број ваучери.
  • Понудата е за еден човек, при двојно сместување.
  • Дете до 5.99 години се сместува бесплатно со двајца возрасни.
  • За дете од 6 до 11.99 годишна возраст на дополнително легло во двокреветна соба со двајца возрасни се доплаќа на рецепција 7.5 € за ноќевање на база на пакетот.
  • За дете над 12 год. возраст или трет возрасен на дополнително легло се доплаќа 17 € на база на пакетот.
  • Доплата за сместување во семеjна соба, мезонет или  апартман - 18 € на ден за просторија.
  • Сите партиципации и доплати се вршат на рецепцијата на хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 08 мај до 30 јуни 2017 година.
  • Пред купување на ваучер направете барање за слободни датуми на тел: +359 887/ 08 20 50 или +389 883/ 20 10 76
  • По купувањето на ваучерот треба да ја потврдите вашата резервација, диктирајќи го бројот на ваучерот на тел: +359 887/ 08 20 50 или +389 883/ 20 10 76
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотел Риверсајд ****

Гр. Банско, Р. Бугарија
ул. „Глазне” 37

Моб: +359 ******

Моб: +389 ******
Е-Mail: [email protected]
Website: www.
riverside.ehotels

ВИП Понудата е обезбедена од нашиот партнер - хотел Риверсајд ****

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 08.05.2017 до 30.06.2017

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.

Програма All inclusive:

  • Појадок – 7:30 до 10:00 ч. – шведска маса во основниот ресторан на хотелот со вклучени топли пијалоци
  • Ручек – 12:30 до 14:00 ч. – шведска маса во основниот ресторан на хотелот со вклучени пијалоци – кафе и чај, безалкохолни пијалоци, минерална вода и бугарско вино бело/црвено и пиво
  • Ручекот може да биде и под форма на „сув пакет“ при нарачка на рецепција еден ден претходно
  • Пакетот вклучува – бургер или сендвич, безалкохолен пијалок или минерална вода и плод
  • Попладневна ужина – 16:00 до 17:00 ч. – во основниот ресторан – пици, сендвичи, мали слатки,кроасани и кекс
  • Вечера – 19:00 до 21:30 ч. – шведска маса во основниот ресторан на хотелот - кафе и чај, безалкохолни пијалоци, минерална вода и бугарски алкохолни пијалоци, вино, бира
  • Пијалоци – 14:30 до 22:00 ч. – во лоби барот на хотелот – кафе, чај, безалкохолни пијалоци, минерална вода, бугарски алкохолни пијалоци, вино бело/црвено и пиво;

*Вечерите се на шведска маса  при повеќе од 20 гости.