Луксузен одмор за двајца во Банско - Кемпински Хотел Гранд Арена - Банско

Дводневен викенд пакет за двајца со појадок + користење на СПА услуги во Кемпински Хотел Гранд Арена*****, Банско



Расположен во подножјето на Пирин, Кемпински Хотел Град Арена во Банско Ве пречекува во петѕвездниот алпски СПА и велнес туристички комплекс. Се наоѓа во срцето на туристичкиот комплекс, Кемпински Хотел Гранд Арена Банско е во непосредна близина до почетната станица на жичарницата, како и на кратка прошетка од центарот на градот.

ДВОДНЕВЕН ВИКЕНД ПАКЕТ: 22246 денари (360 €) - 50% = 11123 денари (180 €)
(Важи за сместување во петок и напуштање во недела)

ВИП Ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Две ноќевања за двајца во Делукс соба со поглед кон Пирин планина
  • Два појадоци
  • Бесплатно користење на Wi-Fi​ и Детски клуб
  • Бесплатно користење на велнес зоната на Kempinski The Spa, којашто вклучува два вида сауна, два вида парна бања, затоплен надворешен базен, внатрешен базен, џакузи, фитнес зала со најнова опрема од TechnoGym, уникатна снежна соба
  • 9% ДДВ

Кемпински Хотел Гранд Арена Банско им нуди на нашите гости 8 барови и ресторани.
Лоби барот нуди меѓународни оброци и голема разновидност на пијалоци и коктели.
Бела Виста Лаунџ Ве доближува до природата со својот неверојатен поглед кон планината.
Гледајте возбудливи спортски настани на Плазма екраните на сончевата Бела Виста тераса. 
Ресторан Галерија е нашиот меѓународен ресторан, кој предлага ексклузивно бифе во текот на денот и ноќта. Уживајте во одбраните јадења од целиот свет.
Коме Прима е нашиот медитерански ресторан, кој Ви ја нуди најдобрата италијанска кујна во Банско. Овде ќе имате можност да набљудувате како храната Ви се приготвува во нашата “шоу” кујна од врвни мајстори.


Витамин барот  е перфектното место за свежи и здрави пијалоци после тренинг во фитнес центарот. Во барот пушењето е забрането, а на гостите им нудиме голем избор на овошни коктели.
Ла веранда Бар & Лаунџ нуди не само исклучителен поглед кон планината, но и уникално мени и затоплен надворешен базен.
Пиано Бар “Sing Sing” ја загрева крвта со одлични музички изведби и духовита атмосфера.
Исклучително модерниот центар им нуди на своите клиенти внатрешен и надворешни базени, отворено и затворено џакузи, отворен тенис терен, 2 вида на парни бањи-Амам и Арома парна бања,2 вида сауни-Финска и Био сауна, Фитнес центар, соларуим и уникатна снежна соба. Пинг-понг, пикадо и Детското катче исто така стојат на располагање на гостите на на Кемпински Хотел Гранд Арена Банско.

“Kempinski The Spa“ е патување инспирирано од менувањето на временските сезонни во Европа. Повикувајќи се на мудроста и лековитите својства на природата процедурите Спа го возобновуваат природниот баланс во организмот. Распослан во подножјето на величествената Пирин планина и опкружен од недопрена природа Kempinski The Spa нуди неверојатно доживување, предложено со европски стил.
Уште од влегувањето во Спа центарот, сетилата оживуваат преку ароми и нежна музика.
Експертски обучени терапевти и нивните лековити раце Ве носат на место за подмладување и релаксација. Водени од сезонските елементи на пролет, лето, есен и зима, овде нашите гости успеваат да постигнат совршен  баланс на телото и умот.
Секоја процедура е прилагодена со желбите и потребите на гостите и е принесена со целосно природни продукти, вклучувајќи Elemental herbology масло за сезонската масажа, и St. Barth’s и Thalgo за масажите за лице и тело.
Кемпински Хотел Зографски Арена Банско е водечки туристички комплес во Банско, кој нуди исклучителни конференциски капацитети, исто како и првокласно сместување и услуга. На вашите услуги ќе Ви биде професионален консиерж, кој ќе ги организира вашите корпоративни семинари, конференции и настани.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред датумот  на истекување на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број ваучери.
  • Деца до 5,99 год. се сместуваат бесплатно во собата на родителите и може да ги користат сите услуги вклучени во ваучерот.
  • За деца од 6 до 11,99 години се плаќа 20 € на ден на рецепција, и тие ги користат сите услуги вклучени во платениот ваучер.
  • Ваучерот важи за сместување од 01 до 30 ноември 2017 година.
  • Потребна е претхохна резервација на тел: +359 749/ 88 888.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Кемпински Хотел Гранд Арена - Банско

Хотел Кемпински Гранд Арена
Гр.Банско, Р. Бугарија    
Ул.Пирин №96 
Тел: +359 0******">******
Факс:  +359 ******" style="font-weight: bold;">******

Website: www.kempinski.com
Facebook: KempinskiHotelBansko

ВИП Понудата е обезбедена од нашиот партнер - Хотел Кемпински Гранд Арена***** Банско

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 01.11.2017 до 30.11.2017

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.