Одмор во Мелник, Бугарија - Хотел Деспот Слав

Дводневен пакет со појадок и вечера + влезница за градскиот музеј во Хотел Деспот Слав, Мелник



Во срцето на стариот град Мелник, непосредно до градскиот Музеj се наоѓа Хотел и Ресоран "Деспот Слав". Комплетно изграден во традиционален Мелнички стил, со дебели камени основи, рачно резбани дрвени тавани и мебел од ковано железо, идеално впишан во силуетата на градот Мелник, гордо стои една традиција започната во 2000 година.

ДВОДНЕВЕН ДЕЛНИЧЕН ПАКЕТ: ВИП цена:2212 денари (35 €)
ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

Цената важи за сместување од недела до четврток. За сместување во петок и сабота се доплаќа 2.5 € на човек на ден

  • Две ноќевања во двојна соба
  • Два појадоци
  • Две вечери
  • Влезница за градскиот историски музеј 
  • Интернет
  • Паркинг
  • Туристичка такса и осигурување

Изграден целосно во традициите на типичните стари Мелнички куќи - со камени основи и ѕидови, врати од дрво, прозорци од обоено стакло, мебел од ковано железо и стакло во "Ретро" стил, хотелот располага  со предностите на современата цивилизација - телефон, дигитална телевизија, сопствен санитарен јазол и мини бар во секоја соба. Хотелот располага со 14 двокреветни соби со спална, 2 двокреветни соби со единечни кревети, 4 трокреветни соби, 2 триѕвездни  апартмани со капацитет 3 луѓе и 2 апартмани категорија три ѕвезди со капацитет за сместување до 4 луѓе. Богатата античка култура и мноштвото историски знаменитости во градот Мелник го рангира меѓу најголемите богатства на Бугарија. Мелник е место со вековната винска традиција што го прави ова чудо место идеален избор, како за домашните туристи така и за гости љубители на добрата храна, виното и културата.

Местоположба и знаменитости:
Во месноста има бројни интересни места како манастирот на Ванѓа во месноста Рупите, Роженскиот Манастир, Мелничките  пирамиди а самиот град Мелник е под заштита на УНЕСКО. Бројни пешачки патеки започнуваат од градот. Хотел и Ресторан "Деспот Слав" е лоциран на главната улица на стариот град, со одличен поглед кон Мелничките пирамиди, параклисот Света Зона, а во непосредна близина има  остатоци од древна Црква. Климата во месноста е погодна за луѓето со проблеми со дишењето и има над 250 сончеви денови во годината.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Ваучерот важи за еден човек, при двојно сместување.
  • Деца до 4.99 годишна возраст се сместуваат бесплатно.
  • Деца од 4.99 до 11.99 години-доплата на рецепција по 10 € на вечер за ноќевање.
  • За сместување во апартман - доплата – 5 € на вечер.
  • Доплата за поединечно сместување - 5 € на вечер.
  • Сите партиципации и доплати се вршат на рецепцијата во хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 01 јуни до  31 август 2021 година.
  • Понудата не важи за официјалните празици.
  • Потребна е претходна резервација пред купување на ваучер на тел: +359 889 71 10 00, +359 7437 22 48, +359 899 98 44 06, +359 882 54 63 33.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотел Деспот Слав

Хотел "Деспот Слав"
Гр. Мелник, Р. Бугарија
Ул. Мелник №58
Моб: +359 ******
Тел: +******
Тел: +359 ******
E-mail: [email protected]
Website: www.despotslav.com

ВИП Понудата е предоставена од Хотел "Деспот Слав" - гр. Мелник

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 01.06.2021 до 30.09.2021

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.