Летување на Црно море на база All inclusive - Хотел Аурора ***

Eднодневен пакет на база All Inclusive во Комплекс Аурора***



Комплекс "Аурора" се наоѓа на тивко место меѓу зеленилото на познатото црноморско одморалиште Св. Константин и Елена и вклучува два хотели - "Вила Аурора" и "Аурора", кои за своите гости нудат 122 соби и 4 апартмани, климатизиран ресторан со градина - тераса и зона за непушачи. Плажатите на Црно море се на околу 600 метри од хотелите. На територијата на комплексот се наоѓаат неколку мултифункционални сали за спортски и забавни активности, игралишта, два отворени базени со барови и еден внатрешен базен со џакузи и сауна. Сите базени имаат интегрирани зони за деца и нудат бесплатни чадори и лежалки. Комплексот располага со безжична мрежа за интернет, користењето на безжичен интернет во фоајето на комплексот е бесплатно.

Собите се опремени со клима уред, телефон, кабелска TV, минибар, балкон и безжичен интернет. Во секоја бања има када, биде и фен.

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 2338 денари (38 €)
ВИП ваучерот е за еден човек и вклучува:

  • Едно ноќевање
  • Исхрана на база All Inclusive
  • Надворешен базен за возрасни и деца 
  • Внатрешен базен
  • Спортска сала
  • Пинг понг
  • Кошарка
  • Билијард
  • Шах, табла
  • Интернет во општите простории
  • Паркинг

Туристичкиот комплекс "Константин и Елена" се наоѓа на околу 8 километри североисточно од градот Варна. Уникатните хотелски згради привлекуваат многубројни туристи, кои уживаат во  убавото крајбрежје на Црното Море. Пријатен морски ветрец, златен песок и топли сончеви зраци ... Најточниот збор за сето ова е - блаженство. Но да Ви раскажеме малку повеќе за ова прекрасно летно одморалиште!

Покрај хотели Константин и Елена, викендички и вили, забавни објекти, ресторани и спортски објекти, во одморалиштето се наоѓа Параклисот "Свети Константин и Елена". Историјата на параклисот е интересна. Во минатото тој припаѓал на манастир изграден во чест на императорот Константин и царицата Елена (неговата мајка). Тоа е и причината туристичката населба да го носи името на овие познати личости. Царицата Елена била фасцинирана од минералните извори и често ги посетувала. Поради минералните извори областа околу манастирот почнал да се полни со бројни посетители кои престојувале во манастирот. Наскоро манастирот не можел да смести сите, кои сакале да ги посетат божествените извори. Започната и изградбата на летно одморалиште, кое во почетокот го носело името Дружба.  Денес во одморалиштето има два отворени базени со топла минерална вода, коишто работат деноноќно. Дури во зима топлите извори се посетуваат активно, а во нивна близина се наоѓа грандхотел "Варна".  

Одморалиштето не е големо и преполн од туристи, како повеќето од останатите црноморски градови. Тоа привлекува со својата тишина, мир, мирис на шуми и морски свеж ветар. Многуте хотели во Константин и Елена, одличната услуга и бескрајниот морски хоризонт се причините поради кои туристите го преферираат Св. Константин и Елена. Ако и Вие сте уморни од градскиот шум, големите толпи и загадениот воздух, одморалиштето Свети Константин и Елена е совршено место за вас! Морската престолнина Варна е само на неколку минути пат. Во случај да Ви биде досадно, Варна исто така Ве очекува со отворени раце! Карпестиот феномен Побиените камења, делфинариум, летниот театар, Алаџа манастир, зоолошка градина и убавиот центар на Варна ве очекуваат! Затоа не двоумете се! Хотелите во Свети Константин и Елена располагаат со интернет клубови, барови, ресторани, продавници за облека, сувенири и многу други услуги. Одбравте ли веќе место за одмор? Веќе имате одговор! Одморалиштето Св. Константин и Елена е вистинското место!

Услови на понудата

  • Ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Понудата е за еден човек, при сместени двајца возрасни.
  • Дете до 2 г.  (ненаполнети до датумот на сместување) се сместува бесплатно. 
  • Едно дете од 2 до 12 г. (ненаполнети до датумот на сместување)  во соба со двајца возрасни се сместува бесплатно.
  • При сместување на двајца возрасни со две деца - првото дете се сместува бесплатно, за второто дете се доплаќа на рецепција - 19  за 1 ноќевање.
  • При сместување на еден возрасен со две деца - доплата за секое дете по 19 € за 1 ноќевање.
  • Трет возрасен, сместен на дополнително легло - доплата на рецепција по 30 € за 1 ноќевање.
  • Користење на двокреветна стая за поединечно сместување – се купува еден ваучер за ноќевање и на рецепција се доплаќа - 19 €.
  • Сите доплати се вршат на рецепцијата на хотелот.
  • Во случај доколку клиентите сакаат да им биде издадена фактура за плаќање на ваучерите, тоа може да се случи во рок од 5 работни дена од денот на плаќањето и фактурата може да биде само на име на физичко лице.
  • Валидност на ваучер: од  06 јули до 22 август 2017 година.
  • Пред купување на ваучер направете барање за слободни датуми и места на телефон: +359 887/50 29 33.
  • По купување на ваучерот треба да потврдите својата резервација, диктирајќи го бројот на ваучерот на телефон: +359 887/50 29 33.
  • Ваучерот се прилага испечатен на хартија на рецепција во хотелот.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Хотел Аурора ***

Хотел Аурора ****
к.к Св.Св. Константин и Елена, Р. Бугарија
Моб: +359 
******
E-mail: [email protected]

ВИП Понудата за море 2017 е обезбедена од нашиот партнер Комплекс Аурора ****

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 06.07.2017 до 22.08.2017

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.

Хотел „Аурора“

Програма „All inclusiveСЕЗОНА 2016

Основен ресторан

Појадок: 08.00-10.00

 Студено и топло бифе, десерти, плодови, топли пијалоци, минерална вода, сок

Ручек: 12.30-14.00

Студено и топло бифе, ордевери, салати, супа, главни јадења, десерти, плодови, вино, пиво, aлкохолни пијалоци (бугарско производство) минерална вода, топли пијалоци и сокови.

Вечера: 18.30-20.30

Студено и топло бифе: ордевери, салати, супа, главни јадења, десерти, плодови, вино, пиво, алкохолни пијалоци (бугарско производство), минерална вода, сокови.

Бар ресторан: 08.00-22.00

11.00-22.00 пиво, вино, алкохолни пијалоци(бугарско производство)  безалкохолни пијалоци, минерална вода

Бар базен 11.00-17.00 минерална вода, сокови и топли пијалоци, пиво

15.00-17.00: грицки, плодови, слатки, сладолед.

Лоби бар / платен бар *

Студени и топли пијалоци, увезени и бугарски алкохолни пијалоци.

Работно време 11.00-22.00

Студени и топли пијалоци,бугарски и увезен алкохол ( според мени)

Бесплатно:  фрижидер во собата, надворешни базени, внатрешен базен со џакузи, пинг понг, интернет во фоајето,  билјард, фудбал на маса, мултифункционални сали за спортски и забавни активности.

Услуги со доплата: увезени и други пијалоци во лоби барот, сеф, пеглање,  хемиско чистење,перење,телефонни разговори кон странство, сауна , интернет во собата, компјутерски игри, сауна, бебешко креветче,  масажи.