
Одмор во Девин - Хотел Елит, Девин
Еднодневен или тридневен пакет со појадок и вечера во хотел Елит, Девин

Хотел Елит *** се наоѓа во центарот на градот Девин и е еден од хотелите коишто работат во текот на целата година. Погоден за одмор и зелени училишта, како и за деловни состаноци и семинари.
Хотел "Елит" во Девин е луксузно опремени триѕвезден хотел, со високо ниво на професионална услуга и познат најмногу со истакнатите карактеристики на регионот – познатото родопско гостопримство!
ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 1106 денари (18 €)
ВИП ваучерот е за ЕДНО лице при сместени двајца возрасни и вклучува:
- Едно ноќевање во двокреветна соба
- Еден појадок
- Една вечера
- Минерален базен
- Џакузи
- Сауна
- Интернет
- Паркинг
- Туристички данок
ТРИДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 3318 денари (54 €)
ВИП ваучерот е за ЕДНО лице при сместени двајца возрасни и вклучува:
- Три ноќевања во двокреветна соба
- Три појадоци
- Три вечери
- Минерален базен
- Џакузи
- Сауна
- Интернет
- Паркинг
- Туристички данок
Хотелот работи преку целата година и располага со 12 двокреветни соби, 3 еднокреветни соби и 3 студиа, сите се стилски и комфорни опремени и се со вкупен капацитет од 40 места. Собите имаат посебна луксузна бања со минерална вода, клима уред, сателитска ТВ, телефон и бесплатен интернет. Добро опремена конференциска сала со 25 места е достапна за деловни гости.
Лоби бар е достапен за гостите да уживаат во широк избор на пијалаци. Хотелот исто така, располага со ресторан со летна градина, каде се служат и национални и европски јадења, како и јадења од родопската кујна. Ресторанот нуди квалитетни вина и разни брендирани пијалаци. Секој е добредојден да ги вкуси прочуените родопски специјалитети: пататник, качамак, клин, печено јагнешко по родопски и многу други специјалитети од овој крај на Бугарија.
Во централниот дел на живописните Родопи, по долината на реката В’ча се наоѓа едно мало туристичко гратче - Девин. Градот комбинира сама по себе прекрасна и уникатна родопска атмосфера и убавина. Познат е со лековити минерални бањи, чист воздух, многуте историски и географски објекти како Јагодинската Пештера, пештерата Ѓаволски грло, Бујновската клисурата, Триград, минерални базен и еко патека "Струилица". Градот Девин прерасна туристички и балнеолошки центар. Близу до хотелот се наоѓа и Музејот, кој нуди на своите посетители богата збирка од антиквитети, кои раскажуваат многу за минатото и историјата на родопскиот крај.
Услови на понудата
- Ваучерот мора да се набави пред истекот на рокот на важење на понудата.
- Секој има право да купи неограничен број ваучери.
- Понудата важи за едно лице, при сместени двајца возрасни.
- Деца до 3.99 се сместуваат бесплатно.
- Деца од 4 до 11,99 - се доплаќа 7.5 € на ден.
- За трет возрасен се доплаќа 12.5 € на ден.
- Сите доплати се вршат рецепција во хотелот.
- Валидност на ваучерот: од 01 до 25 април 2019 година
- Неопходна е претходна хотелска резервација на телефонски број: +359 0879/ 50 57 55 или +359885/ 23 25 59.
- По купувањето на ваучерот, треба да ја потврдите Вашата резервација со диктирање на кодот за ваучерот на тел: +359 0879/ 50 57 57 или +359885/ 23 25 59.
- Видете ги сите Општи услови.
Плаќање
- Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
- Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.





Хотел Елит, Девин
Гр. Девин, Р. Бугарија
Ул. Јундола 2
Тел.+359 ******; +******.
E-mail: elitehotel@abv.bg
Website: www.elite-devin.com
ВИП Понудата е обезбедена од хотел Елит, Девин!
Коментари |
---|