Oдмор на вештачкото езеро Цонево - Семеен хотел Изгрев

Еднодневен или дводневен пакет за двајца со појадок вo Семеен хотел Изгрев



Семеен хотел "Изгрев" е лоциран на самиот брег на вештачкото езеро Цонево во с.Аспарухово , општина Долгопол, на околу 70 км од Варна.
Ние ви предлагаме да избегате од вашето динамично секојдневие и да ни гостувате. Кај нас ќе најдете мир и спокојство,  и целосна хармонија со природата. Овде времето запира и душата се подмладува преку обичните радости од кристално чистиот воздух, мирната селска идила, вкусната локална храна, поднесена од насмеани луѓе во пријатен амбиент.
Хотел "Изгрев" е совршено место за вашиот одмор - спокоен или активен. Местото нуди одлични можности за риболов, веслање, сурфање, прошетки во шума и покрај браната, возење на велосипеди или едноставно одмор во градината на хотелот. Во непосредна близина на хотелот можете да го посетите природниот карпест феномен"Чудните скали", скалниот манастир и тракиското светилиште крај с.Ројак, или да ја разгледате средновековната тврдина "Овеч".

Кај нас ќе доживеете еден навистина комплетен одмор. Повелете и убедете се самите!

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 2054 денари (33 €)
Важи за сместување од среда до недела
ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Ноќевање во двокреветна Делукс соба
  • Еден појадок (сет мени со вклучени кафе, чај, капучино)
  • Подарок од хотелот - едно шише вино
  • Бесплатен WiFi
  • Паркинг

ДВОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 3476 денари (56 €)
Важи за сместување од среда до недела
ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Две ноќевања во двокреветна Делукс соба
  • Два појадоци (сет мени со вклучени кафе, чај, капучино)
  • Подарок од хотелот - едно шише вино
  • Бесплатен WiFi 
  • Паркинг

Делукс собите се комфорни простории кои имаат удобни кревети, поглед кон браната, климатизација, гардеробер, мокет, бања со туш, фен, тоалет, козметика, подно греење во бањата и ходникот, пешкири, библиотека со книги во собата, памучни чаршафи и постелнина;

Ресторанот нуди свежа риба од браната, вкусни локални зеленчуци, располагаме и со прекрасна винска селекција.
На територијата на ресторанот има детско катче со видео зона, зона за игра со многу играчки, библиотека, маса за фудбал, билијард и други забави.
На располагање на гостите е голем надворешна шатор, лоциран на брегот на браната, која открива прекрасни глетки, бесплатен билијард, табла, карти, одбојка, понтон за риболов; соодветно место за велосипедизам. Гостите исто така можат да користат и мултифункционална сала која се наоѓа во селото  за кошарка, одбојка, борење, бокс, сала за кревање тегови, сала за источни боречки вештини, комбинирана игралиште за тенис и одбојка, игралиште за фудбал.

Вечерата се сервира од 18.30ч. до 20.30ч. во Ресторан Залив и вклучува двостепено мени - салата или супа, главно јадење и чаша вино!

Дополнителни информации:

  • Внесување на храна и пијалаци во ресторанот не е дозволено.
  • На територијата на комплексот и во салата на ресторанот не е дозволено пушењето.
  • На територијата на комплексот не се дозволени домашни миленици.
  • Во комплексот има пристап до интернет

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој клиент може да се купи  неограничен број ваучери и да ги комбинира со цел продолжување на престојот.
  • Еден ваучер е за 1 човек, сместен во Двокреветна Делукс соба, при сместени двајца возрасни.
  • Максимален капацитет на Двокреветна Делукс Соба: двајца возрасни и едно дополнително легло за дете или возрасен
  • Појадокот е традиционален и се сервира од 08.00ч. до 10.00ч. и вклучува кафе, чај или капучино.
  • Дете до 3 возраст години (заедно со двајца возрасни) се сместува бесплатно (без да користи дополнително легло, на база ноќевање)
  • Дете од 3 до 12 год. се сместува на дополнително легло и се плаќа на рецепција 5 € за еднодневен пакет и 10 € за дводневен пакет.
  • Трет возрасен се сместува на дополнително легло и плаќа на рецепција 10 € за еднодневен пакет и 15 € за дводневен пакет.
  • Сместувањето се врши по 14.00часот, напуштањето на просториите е до 12.00часа.
  • Валидност на понудата: од 07 јануари до 31 март 2018 година.
  • Потребна е претходна резервација на тел: +359 879/51 93 03.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Семеен хотел Изгрев

Хотел Изгрев
с. Аспарухово 9260, општина Долгопол, Варна, Р. Бугарија

Тел: +359 ******
Е-mail: [email protected]
Website: www.izgrevat.traffic.bg
Facebook: Hotel Izgrevat, Bulgaria

ВИП Понудата е обезбедена од Хотел Изгрев

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 07.01.2018 до 31.03.2018

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.