Одмор во Триград, Бугарија - Замокот Хорлог, Триград

Еднодневен пакет со појадок за двe или четири лица во Замокот Хорлог, Триград - Бугарија



Замокот Хорлог е целосно нов - завршен е во декември 2014 година. Мебелиран е во "ретро стил". Се наоѓа непосредно пред почетокот на убавото родопско село - Триград, во месноста "Хорлог", од каде всушност доаѓа и неговото име.
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО "ЗАМОКОТ ХОРЛОГ" - с.ТРИГРАД
Вгнезден во подножјето на три заштитени месности, кои што го заобиколуваат и се натпреваруваат по богатството на својот биодиверзитет, и се наоѓа во непосредна близина на дел од стоте Национални туристички објекти на Бугарија / пештерата "Ѓаволско грло"; "Арамиската" пештера и "Јагодинската" пештера /.

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 1738 денари (28 €)

ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Едно ноќевање во двојна соба
  • Еден појадок
  • Wi-Fi Интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Туристичка такса

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 2054 денари (33 €)

ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Едно ноќевање во двојна соба делукс
  • ​Еден појадок
  • Wi-Fi Интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Туристичка такса

ЕДНОДНЕВЕН ПАКЕТ: VIP цена: 3002 денари (48 €)

ВИП ваучерот е за четири лица и вклучува:

  • Едно ноќевање во апартман
  • ​Еден појадок
  • Wi-Fi Интернет
  • Бесплатен паркинг
  • Туристичка такса

Во месноста "ХОРЛОГ" се наоѓаат исто така и пештерите "Ѓаволско грло" и "Арамиската пештера".

Замокот Хорлог всушност е најблискиот туристички објект до овие пештери – се наоѓа на само 300метри от пештерата Ѓаволско грло и на 150 метри от Арамиската пешетра.

Лоциран е во подножјето на Триградската клисура, меѓу планини и карпи и на брегот на Триградска река.

Директно од балконите на зградата може да се набљудуваат типични животински претставници за регионот / дивокози и срни, а понекогаш ако имате среќа дури и мечки /.

Замокот е изграден на два спрата плус приземје.
На приземјето се наоѓа рецепцијата и ресторанот.
На првиот и вториот кат се наоѓаат просториите за сместување.
Просториите за сместување се:
- Четири двојни соби;
- Една луксузна двојна соба со канапе и дневен престој;
- Два апартмани на две нивоа;
- Еден луксузен апартман на две нивоа со една спална и дневна со камин;
- Еден Делукс апартман на едно ниво со една спална и дневна со камин.
Секоја од просториите за сместување располага со сопствена бања и тоалет. Собите имаат заедничка тераса со поглед кон реката. Објектот располага со внатрешен заеднички балкон за пушење и рекреација.
Ресторанот во моментов е со капацитет - 40 лица, а на крајот на летната сезона ќе биде проширена внатрешнио дел со уште 40 места и тераса за уште 40 места, или капацитетот на ресторанот се очекува да достигне 120 места за седење до септември годинава. Во истиот период се очекува изградба и на скара во дворот на ресторанот, како и на детско катче.

ХОТЕЛ ХОРЛОГ предлага за своите гости:
- Вкусни родопски специјалитети по претходна нарачка;
- Бројни еко патеки со различно ниво на проодност;
- Можност за директно набљудување на исклучително ретката птица " Планинска карполазачка" на само 500 метри од хотелот;
- Можност за набљудување на карактеристични за регионот животински претставници директно од балконот на хотелот / дивокоза, срна, а понекогаш дури и мечка /;
- Можност за практикување на јога во месноста "Хорлог", за која се верува дека е енергетски портал кон вонземни димензии;
- Неверојатни природни предели и глетки;
- Атрактивни дестинации за љубителите на пештерски туризам;
- Екстремни доживувања: жичарница на "Тарзан"; пловењето пред портите на пеколот; оф-роуд прошетки до месностите "Ѓаволски поглед", "Орлово Око", "Чаирски езера" и други; "Виа Ферата" / искачување по стрмна камена патека / до "Арамиската" пештера;
- Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат музеј на мечката и музеј на рибата;
- Изнајмување велосипеди;
- Услови за лов и риболов;
- Јавање коњи;
- Вкусни родопски и други национални јадења;
- Пријатна атмосфера создадена од интересните архитектонски решенија на зградата со визија на замок и од волшебниот внатрешен ентериер.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • За деновите од Викендот - петок и сабота понудата е валидна при две ноќевања
  • Деца до 11.99 години се сместуваат бесплатно.
  • Доплатa за дополнително сместување на возрасен - 5 €.
  • Валидност на ваучер: од 08 јануари до 28 февруари 2021 година.
  • Потребна е претходна резервација пред купување на ваучер на тел: +359 877 75 07 87.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

Замокот Хорлог, Триград

Куќа за гости Замокот Хорлог
С. Триград, Р. Бугарија  
Моб: +359 ******
E-mail: [email protected]
Website: www.horlog.bg

ВИП Понудата е предоставена од Замокот Хорлог, Триград

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 08.01.2021 до 28.02.2021

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.