0 коментари

Еднодневен пакет со појадок или појадок и вечера во Хотел Скабрин, Банско

Хотелот е лоциран во срцето на стариот град на Банско, на тивко и добро комуникациско место. За нашите гости ја предлагаме топлината на семејниот комфорт. Хотелот е соодветно место за Вашиот одмор во текот на сите сезони од годината. Архитектонски дизајниран  во стариот дух на градот Банско, така дава  чувство на традиционален стил меѓу неповторлива атмосфера. Се наоѓа на 2 мин патување од црквата Света Тројца и центарот на градот.Во близина на хотелот се - најпосетените таверни, ресторани и ноќни клубови. На 15 мин пеш од првата станица на жичарница.

Хотелот располага со 10 двокреветни соби, некои од нив имаат можност за  дополнителни кревети. Има ресторан кој работи само за гостите на хотелот, каде можете да уживате во традиционалните и домашно приготвени појадоци и вечери.

Скијачкото одморалиште Банско располага со 70 километри скијачки патеки, секоја со различна тежина, вклучувајќи 16км постојан  спуст, почнувајќи од врвот Тодорка (2,600м. Н.в.) до крајот  на патеката - прва станица на жичарница. Банско е познат како центар за планински и скијачки  спортови со модерни ски-опрема и новоизградена жичарница. Посетувајќи го градот, гостите ќе допрат  до сочуваната автентичност на бугарскиот фолклор, уникатните уметнички и културни вредности, типични за регионот.

Коментари



Вашиот коментар: