0 коментари

Еднодневен пакет во Хотел Изворот, Арбанаси

Таверна Изворот е одликувана со наградата "Ресторан на годината" за 2003 година. Со разновидно мени, вклучувајќи над 450 предлози за храна и пијалаци, таверната им овозможува на своите гости да уживаат во традиционалната бугарска кујна. Таверната располага со 2 зимски градини, каде што топлината на огништата го надополнува чувството на   комфор и спокојство. Летната градина со своите водни атракции, богато зеленило и детско катче е претпочитано место за нашите гости. Јагне на ражен, јадења на фурна и скара комбинирани со кулинарските вештини на мајстор-готвачите се неодоливо искушение за љубителите на традиционалната бугарска кујна. За доброто расположение на гостите во таверна Изворот има богата фолклорна програма.

Комплекс "Изворот" нуди перфектни услови за одмор и релаксација. Покрај забрзаното и тензично секојдневие, овде можете да го вратите еланот и енергијата, подарувајќи си едно навистина релаксирачко и инспиративно доживување.
Местоположба и знаменитости:
Село Арбанаси е лоцирано во непосредна близина на средновековната бугарскапрестолнина Велико Трново. Основано во 15 век од православни Грци, Албанци и Бугари населбата го достигнува својот процут во 17 век. Поради необичниот шарм, уникатни архитектонски споменици и благопријатната клима, во 1921г. со царски указ село Арбанаси е прогласено за одморалиште, а во 2000 година за "Историска населба" од национално значење. Куќите со над 300 годишна историја се зачувани во автентичен вид и импресионираат со неповторлива архитектура, дрворезбарство и уметнички фасадни орнаменти. На територијата на селото Арбанаси се зачувани 5 цркви и 2 манастири изградени и фрескоописани во крајот на 16 и почетокот на 17 век. Во манастирот Успение Богородично се чува една од чудотворните икони на Божјата Мајка. Село Арбанаси нуди единствена можност за непосреден допир до вистински ремек-дела во архитектурата, интериерниот дизајн и црковното сликарство од 16 - 17 век.

Коментари



Вашиот коментар: