0 коментари

50% попуст на пакети со појадок и вечера во Хотел Добриниште, Р. Бугарија

Капацитет: 130 места во пријатна и светли соби со купатило, TV, телефон, Wi-Fi. Можностите за паркирање се на бесплатен јавен паркинг до самиот хотел
Објектите се дополнуваат од лоби бар и со него поврзаната пространа летна тераса- паб. Овде  Ве пречекуваат првите сончеви зраци во текот на летото и е најпосакувана дестинација од мештаните и гостите на хотлот  за утринско кафе со колач. Во текот на целиот ден се предлага  мени, вклучувајќи супи, салати, традиционални специјалитети, риба, пица.
Во близина на хотелот се наоѓа мал парк со убави смреки и борови дрвја, носејќи вистинска свежина во текот на летото.
Децата можат мирно да играат во посебно детско катче.
Лековитата минерална вода на Добриниште е надалеку позната. Градската бања се наоѓа на 5 минути пеш од хотелот. Се состои од машки и женски простор со длабоки базени во кои постојано тече минерална вода, директно од изворот. Водата е хидрокарбонатна, богата со сулфати, натриеум и флуор. Таа е без мирис и талог и е пријатна за пиење, со температура меѓу 30-43 степени.
Добринишката минерална вода се користи за терапија преку бањи и пиење. Специјалистите по балнеологија препорачуваат 7, 10 и 15-дневни водни терапии на луѓето со хронични заболувања на зглобовите, коските, мускулите, тетивите, при хроничен ревматизам, последици од скршениците на коските, трауми и повреди. Покрај тоа, бањите добро влијаат на хронични заболувања на периферниот нервен систем, на хронични гинеколошки болести и на кожни болести / егземи /. Престојот во минералниот базен е најдобрата терапија за уморните мускули и целото тело, по долгиот ден на стрмните падини на Пирин.
Друга популарна место е т.н.. од локалните луѓе "римското бањче" - мал отворен базен, кој се наоѓа на крајот на гратчето во насока кон село Елешница. Катчето е убаво и сончево. Ако верувате во идеите за живата сила и меморијата на водата, ова место е за Вас. Тука ќе се исполните со позитивна енергија и долговечност.
Плажата со минералните базени во Добриниште е на 10 минути пеш од хотелот.
Во Добриниште може да ја посетите црквата "Св. безсребреници Козма и Дамјан "/ на 5минути од хотелот / и да се поклоните пред светата икона на Света Богородица Вратарица, која ги отвора вратите кон благосостојбата и срцето на Бога. Манастирот "Св.Панталејмон" е на 4 километри од градот. Патот до Манастирчето е стрмен и пеш трае околу 40 минути, но напорот дефинитивно вреди.
Атрактивна искуство е и патувањето со воз по пругата со тесен колосек. Добриниште е крајна железничка станица на единствената од ваков вид пруга во Бугарија, го поврзува Добриниште со Септември преку Јакоруда, Велинград, Банско и Разлог.
Во подножјето на Пирин, Добриниште нуди многу можности за излети во планина и планински велосипедизам.
Пешки може да се отиде до месноста Рибник и до месноста Свети Никола / на 30 мин. /
Планинарскиот дом Гоце Делчев е на 12 км. Препорачуваме посета на ресторанот на планинарскиот дом. Самата месност е со широки ливади, каде што можат да се берат лековити билки и шумски плодови: јагоди, малини, боровинки.
Од тука тргнува ски лифтот, кој за 25 минути ве качува до планинарскито дом Безбог. До  Безбог може да се дојде и пешки по шумска патека за 2 часа и 40 мин.
Популарни се патеките и местата за пикник во месноста Мочарата / на 30 мин. од пл. дом Гоце Делчев /, месноста Харам бунар / на 1час од пл. дом Гоце Делчев /, до водопадите на реката Ретиже.
Од пл. дом Безбог најкратките маршрути се до Попово езеро за 1час и 40 мин.

Коментари



Вашиот коментар: