0 коментари

50% попуст на пакети со појадок и вечера во Планинарски дом Гоце Делчев, Добриниште

Сместување:
2 двокреветни соби со бања; 2 двокреветни соби со заедничка бања; 2 трокреветни соби исто така со заедничка бања.
На вториот кат се врши сместување во: една двокреветна соба и соба со 5 кревети, 1 соба со две основни легла и канапе, сите со самостоен санитарен јазол, 1 двокреветна соба со санитарен јазол, но тој се наоѓа во ходникот на спрата.
Собите имаат секојдневна услуга и се опремени  со телевизор и интернет конекција. Поради фактот дека за некои од собите бањите се надворешни, дополнително се обезбедени бањарки со депозит.

Ресторанот е претпочитано место за нашите гости. Предлага мени за ручек, кафе, чај, пијалоци, скара, традиционални јадења и сето тоа по пристапни цени.
За туристите со лични возила, кои прават подолги планински премини и престојуваат на пл. дом Безбог, има деноноќно обезбедуван паркинг.
Во западна насока од пл. дом Гоце Делчев по шумски пат, на 2-3 километри растојание е месноста Мочарата.
Во минатото таму имало детски камп, а денес е соодветно место за излет и пикник. По текот на реката Десилица исто така има планинарска патека. Таа се спојува со патека која доаѓа од пл. дом Безбог и води кон убави, мали езера во подножјето на планината Десилица и Кајмакчал.
Пријатна е маршрутата до Харам бунар, од каде се доаѓа до изворите на реката Ретиже и Попово езеро.
Планинарскиот дом Гоце Делчев е препорачливо место за климатска отерапија за луѓе со проблеми на горните дишни патишта и по претрпени пневмонии. Причината е во чистиот боров воздух, пријатните летни температури и многуте можности за излети и пикник.
Пл. дом е почетна станица на ски лифт, кој за 25-30 минути Ве качува  до пл. дом Безбог /2240м.н.в./ пеш растојанието се минува за 2 часа и 40 мин.
Ливадите околу колибата се вистинско наоѓалиште на билки.
Одморот во пл. дом Гоце Делчев, можете да ја надополните вашата билкова аптека со лековити растенија: иглички, оригано, кантарион, мента, листови од боровинки и малини, да бирате мали шишарки за борова мед и др.

Коментари



Вашиот коментар: