0 коментари

Еднодневен делничен или викенд СПА пакет со појадок и вечера во СПА Хотел Клептуза, Велинград - Р. Бугарија

Спа Хотел "Клептуза", Велинград, располага со 13 стандардни двокреветни соби, 7 двокреветни соби со бања, 6 еднокреветни соби, 13 двокреветни луксузни соби, 2 студиа и 4 луксузни апартмани. Секој од апартманите  е со дневна соба, две одделни спални соби и две купатила. Собите се опремени со кабловска телевизија, бесплатен интернет, мини бар, телефон и фен.
Во ресторанот на хотелот можете да уживате во префинета  и разновидна кујна, а во лоби барот - на различни пијалоци и коктели.
Во СПА центарот на хотелот Клептуза за вашата релаксација е предвиден топол базен за возрасни, детски базен, џакузи, сауна, парна бања, самостојно бисерно џакузи, фитнес, зона за релаксација, амам, Када на Клеопатра.
Во Хотелот "Клептуза" се нудат разновидни масажи - класичен, со етерични масла, со чоколадно масло, со мед, со вендузи или други на ваша желба.

Коментари



Вашиот коментар: