0 коментари

Пакети за двајца возрасни и дете до 17.99 год. со појадок, ручек, попладневна ужина и вечера во комплекс Мистрал 2, Свети Влас

Туристичкиот комплекс располага со 20 вили на три спрата. Собите на секој спрат се опремени со телевизор со кабловска ТV, телефон, клима уред, вентилатор и фрижидер. Секоја соба е со сопствен санитарен јазол. Комплексот располага уште со 2 базени, 2 спортски сали, компјутерска сала, кино сала, игралиште за мини голф, фудбалско и кошаркарско игралиште со вештачка трева, пинг понг, билијард, игралиште со шах фигури, фудбал на маса, фитнес-симулатори.
Туристичката населба Свети Влас е лоцирана на брегот на Црното Море во подножјето на јужните падини на источна Стара Планина. Се наоѓа во непосредна близина до: Бургас - 40 километри, Сончев брег и Елените - 2км. Плажите се со вкупна должина од околу 1,5 километри и просечна ширина од 15 метри. Комбинацијата од планина со море го прави Свети Влас населба со уникатна клима.

Коментари



Вашиот коментар: