0 коментари

Еднодневен пакет на база All Inclusive + базен во Томас Резиденс

Хотелот е комплетно завршен во 2015 и располага со рецепција, мал базен, ресторан, бар-базен, соба за игри и конференциска сала. Услугите кои се нудат во Томас Резиденс се - безжичен интернет, перење и пеглање, сеф, такси, рент а кар, организирање на семинари и тим-билдинг, игралиште, надворешен паркинг - слободен.

Опис на хотелот:
Томас Резиденс нуди сместување во 20 апартмани со една спална и 3 апартмани со две спални, 3 студиа, 2 семејни соби и 15 двокреветни соби сместени на четири ката. Сите простории се климатизирани и опремени согласно потребите на гостите. Студиата, апартманите и фамилијарните соби располагаат со кујнско катче, трпезариска маса, софа, купатило и тераса. Во сите простории има минибар, клима уред, телевизор.

За своите гости хотел Томас Резиденс обезбедува можност за организирање на екскурзии и забава во слободното време - прошетка со корабче, тенис, сафари во Странџа Планина, јавање, риболов, екстремен АТВ спорт, сурф училиште за возрасни и деца, нуркање и плажни атракции.
Градот Царево е изграден на два мали живописно полуострови, издадени навнатре во морето. Се наоѓа на 70 километри јужно од Бургас. Во 1882 година градот бил опожарен и изграден повторно.
Царево нуди многу атракции, пријатна атмосфера, гостопримство и беспрекорна услуга. Многу пријатни се вечерните прошетки покрај Црното море, во градскиот крајбрежен парк или во заливот, каде се наоѓа црквата "Успение Богородично".

Коментари



Вашиот коментар: