0 коментари

Тридневен пакет со појадоци и празнична Велигденска вечера во хотел Миглена, Говедарци

За сите гости хотелот нуди скара на отворено и бесплатен паркинг. За љубителите на зимските спортови хотелот нуди добро опремено ски-училиште и ски-гардеробер. Само на 1 км се наоѓа скијачката патеки на с.Говедарци, а на 13 км е ски патеката Маљовица. Соседното скијачко одморалиште Боровец е оддалечено 23 километри.

Селото се наоѓа во предпарковата зона на Националниот парк Рила, по течението на реката Црни Искар. Расположено во Говедарската котлина на 1268 метри надморска височина, има умерено-континентална клима со просечна јануарски температури од -6.2 ° C и просечна јулска температура од + 22,6 ° C. Снег има во просек околу 160 дена од годината, а во зима снежната покривка изнесува над 70 см.

Над котлината се наоѓа врв Маљовица висок 2729 метри, и селото е една од излезните точки за освојување на врвот. Од с.Говедарци тргнуваат правци за планинарскиот дом Вада (2 часа пеш), в Мечит (1 час), планинарскиот дом Ловна (3 часа), планинарски дом и планинска школа Маљовица.Од планинарскиот дом Вада може да се стигне до Седумте Рилски езера, од Мечит се доаѓа до засолништето Кобилино браниште и од комплекс Маљовица се стигнува до Страшното езеро, каде што има изградено засолниште. Во месноста Надарица има остатоци од античка населба датирана од времето на Римската империја, а во месноста Тапанковица, Мечкарица и Изворот има зачувани историски споменици - цркви, манастир и параклиси.

Коментари



Вашиот коментар: