0 коментари

Еднодневен делничен или викенд пакет со појадок + СПА во Амира Бутик Хотел 5*, Банско

За сместување на своите гости хотелот располага со: петнаесет апартмани со една спална соба, од кои два се ВИП апартмани, единаесет студиа, пет двокреветни соби.
Во хотелот „АМИРА“ има три ресторани: класичен ресторан со деведесет места, кој нуди висок комфор, богата листа на вина и уникатна комбинација од најдоброто од локалната и светската кујна; тераса до ресторанот со дваесет и четири места; лоби-бар со дваесет и осум места и пријатен камин; ВИП салон со дваесет места.
Областа за релаксација на хотелот „АМИРА“ има две студиа за масажи, терапии и козметички процедури; просторија за релаксација; Финска сауна; панорамска инфрацрвена сауна со хималајска сол; парна бања; Џакузи; внатрешен базен со хидромасажен сектор; внатрешен базен за деца; отворен простор со лежалки.
За своите најмлади гости, хотел АМИРА располага со детско катче и област за креативни работилници.
За корпоративни  настани и конференции Хотелот „АМИРА“ нуди конференциска сала со капацитет до четириесет места.

Коментари



Вашиот коментар: