0 коментари

Дводневен Викенд пакет за двајца со појадок, ручек и вечера во Хотел Селект****, Велинград - Бугарија

СПА Хотел Селект располага со 77 соби, вклучувајќи 47 стандардни / 14 соби со две одделни легла, 33 – спални соби, 29 луксузни соби / 19 со две одделни легла, 10 спални и 1 ВИП апартман. 19 од луксузните соби имаат трет единечен кревет / + фотеља, во бањата има  туш / туш кабина или када.
Просториите во хотелот се опремени со: Широкопојасен кабелски интернет,LCD TV со сателитски канали, минибар, директна телефонска линија, системи  за електронско заклучување, противпожарен систем, паник- копче при потреба. Поголемиот голем дел од собите во хотелот се со тераса.
Спа центарот на хотел Селект ги покрива стандардите за дизајн и квалитет според барањата за 4 ѕвезден спа хотел и нуди сеопфатна грижа за обновување на телото и релаксација. Опремата на спа центарот е современа и вклучува базен со полуолимписки димензии полн со минерална вода, детски минерален базен, џакузи на отворено, туш на задоволството, релаксациона  соба со топли кревети, лакониум, руска бања, амам и солариум. Предавајќи им се на задоволството од професионалните услуги понудени во спа центарот на хотелот Селект Вие ќе имате можност да избирате меѓу широк избор терапии како хидроминерални терапии со ароматични  масла и термални соли, класични  и лековити масажи, терапии со медицинска козметика, чоколадна и геотермална терапија, широдара и ориенталски пилинг со пенлива масажа.
За спортските личности или само за забава на гостите хотелот располага со богата спортска база која вклучува куглана, терен за тенис, мини голф, одбојка на плажа, бадминтон на плажа, велосипеди и ATV.
СПА Хотел Селект има ресторан на два спрата со градина, незаборавен поглед и луксузна  ВИП сала, лоби бар со тераса, Пура бар, Бар - базен и Пијано бар. Ресторан "Селект" – предлага луксузен амбиент, префинета  кујна, соодветна услуга, сето ова може да се доживеете  единствено ако го  посетите ресторанот на  СПА Хотел Селект.Со традиционална бугарска и европска кујна локалот може да ги  задоволи дури и најпрефинетите  и капризни  вкусови. Капацитетот на ресторанот е 150 места, а во текот на топлите месеци може да се восхитувате  на неверојатна глетка од нашата отворена тераса.
ВИП Ресторанот е местото кадешто ќе  се почувствувате специјални, во интимна атмостфера, само вие со пријатели или едноставно на роматична вечера. (30 места)
Скара + Веранда - во текот на летото и топлите месеци од годината може да уживате во прекрасен поглед, вкусна скара и тематски вечери. (70 места)
Лоби бар - богата разновидност од пијалаци и десерти во пријатна атмосфера (40 места).
Турско кафе приготвено на жежок песок- вистинско турско кафе се служи во градината на СПА Хотел Селект.
Бар- базен- за практичноста на гостите СПА хотел Селект располага со Бар до базенот, кој нуди свежо исцедени  сокови и коктели. (20 места).
Пијано бар- и се разбира еден незаборавен финиш на вечерта со релаксирачка музика или Караоке во ретро стил. (60 места).
Конференциска сала Чепино има капацитет од 70 места и располага со аудио  опрема и флип чарт. Конференциска сала Родопи е технички опремена со екран, аудио  опрема, мултимедија, флип чарт и безжичен интернет. Салата нуди капацитет од 150 места.
Спа хотел Селект Велинград располага уште со VIP конференциска сала и 3 други конференциски сали за реализација на бизнис состаноци, конференции, корпоративни обуки и друго. Сите конференциски сали се климатизирани и имаат можност да бидат распоредени  според потребите на конкретен настан. Конференциска сала 1 е опремена со безжичен интернет и флип чарт и има капацитет од 42 места.

Коментари



Вашиот коментар: