Викенд СПА одмор во Велинград - СПА Хотел Селект - Велинград

Дводневен Викенд пакет за двајца со појадок, ручек и вечера во Хотел Селект****, Велинград - Бугарија



Подарете си незаборавен летен одмор во тивкиот комфорт на најубавите Родопи. Единствениот  од ваков вид  СПА Хотел "Селект" се наоѓа над веднаш урбаниот  станбен  дел на градот. Велинград е  СПА центарот на Балканскиот полуостров. Од хотелот се открива   прекрасен панорамски поглед на градот и опкружувањето со вечно зелени борови шуми. Одлично место како за одмор, така и за одржување на семинари и конференции, хотелот располага со 3 конференциски сали и 1 ВИП сала. Луксузен ресторан на 2 спрата, бар за пури, лоби бар, пијано бар, 2 тенискорта и др. Во хотелот се користи минерална вода од изворите на Велинград вклучително и  во базенот, кој е полн со топла минерална вода. На располагање на гостите на хотелот се исто така ресторан, лоби бар, пијано бар, бар со пури.

ДВОДНЕВЕН ВИКЕНД ПАКЕТ: 11379 денари (184 €)- 50% = 5688 денари (92 €)
ВИП ваучерот е за две лица и вклучува:

  • Две ноќевања во двокреветна соба
  • Два појадоци
  • Два ручеци
  • Две вечери
  • Минерален базен со полу-олимписки димензии со минерална вода, детски базен, минерално  џакузи
  • Сауна парк - парна бања, леден туш, сауна, соба "Релакс" со топли кревети, лакониум, туш на задоволството
  • Употреба на детски аквапарк (детски минерален базен, водена габа на задоволство, пет лизгалки, минерално џакузи, бар-аквапарк и плажа со лежалки кон Акавапаркот) до 30 септември
  • Интернет Wi-Fi
  • Обезбедуван паркинг
  • Детско катче
  • Туристичка такса и Осигурување

За комфорот на гостите на хотелот располагаме со  климатизација во собата, детско катче, бесплатен безжичен интернет, подземен и надземен  паркинг, рум-сервис, интернет клуб, авто-перална, продавници, фризер, перална, хемиско чистење, фотокопир и факс услуги. За гостите со миленичиња имаме  на располагање и хотел за кучиња.

СПА Хотел Селект располага со 77 соби, вклучувајќи 47 стандардни / 14 соби со две одделни легла, 33 – спални соби, 29 луксузни соби / 19 со две одделни легла, 10 спални и 1 ВИП апартман. 19 од луксузните соби имаат трет единечен кревет / + фотеља, во бањата има  туш / туш кабина или када.
Просториите во хотелот се опремени со: Широкопојасен кабелски интернет,LCD TV со сателитски канали, минибар, директна телефонска линија, системи  за електронско заклучување, противпожарен систем, паник- копче при потреба. Поголемиот голем дел од собите во хотелот се со тераса.
Спа центарот на хотел Селект ги покрива стандардите за дизајн и квалитет според барањата за 4 ѕвезден спа хотел и нуди сеопфатна грижа за обновување на телото и релаксација. Опремата на спа центарот е современа и вклучува базен со полуолимписки димензии полн со минерална вода, детски минерален базен, џакузи на отворено, туш на задоволството, релаксациона  соба со топли кревети, лакониум, руска бања, амам и солариум. Предавајќи им се на задоволството од професионалните услуги понудени во спа центарот на хотелот Селект Вие ќе имате можност да избирате меѓу широк избор терапии како хидроминерални терапии со ароматични  масла и термални соли, класични  и лековити масажи, терапии со медицинска козметика, чоколадна и геотермална терапија, широдара и ориенталски пилинг со пенлива масажа.
За спортските личности или само за забава на гостите хотелот располага со богата спортска база која вклучува куглана, терен за тенис, мини голф, одбојка на плажа, бадминтон на плажа, велосипеди и ATV.
СПА Хотел Селект има ресторан на два спрата со градина, незаборавен поглед и луксузна  ВИП сала, лоби бар со тераса, Пура бар, Бар - базен и Пијано бар. Ресторан "Селект" – предлага луксузен амбиент, префинета  кујна, соодветна услуга, сето ова може да се доживеете  единствено ако го  посетите ресторанот на  СПА Хотел Селект.Со традиционална бугарска и европска кујна локалот може да ги  задоволи дури и најпрефинетите  и капризни  вкусови. Капацитетот на ресторанот е 150 места, а во текот на топлите месеци може да се восхитувате  на неверојатна глетка од нашата отворена тераса.
ВИП Ресторанот е местото кадешто ќе  се почувствувате специјални, во интимна атмостфера, само вие со пријатели или едноставно на роматична вечера. (30 места)
Скара + Веранда - во текот на летото и топлите месеци од годината може да уживате во прекрасен поглед, вкусна скара и тематски вечери. (70 места)
Лоби бар - богата разновидност од пијалаци и десерти во пријатна атмосфера (40 места).
Турско кафе приготвено на жежок песок- вистинско турско кафе се служи во градината на СПА Хотел Селект.
Бар- базен- за практичноста на гостите СПА хотел Селект располага со Бар до базенот, кој нуди свежо исцедени  сокови и коктели. (20 места).
Пијано бар- и се разбира еден незаборавен финиш на вечерта со релаксирачка музика или Караоке во ретро стил. (60 места).
Конференциска сала Чепино има капацитет од 70 места и располага со аудио  опрема и флип чарт. Конференциска сала Родопи е технички опремена со екран, аудио  опрема, мултимедија, флип чарт и безжичен интернет. Салата нуди капацитет од 150 места.
Спа хотел Селект Велинград располага уште со VIP конференциска сала и 3 други конференциски сали за реализација на бизнис состаноци, конференции, корпоративни обуки и друго. Сите конференциски сали се климатизирани и имаат можност да бидат распоредени  според потребите на конкретен настан. Конференциска сала 1 е опремена со безжичен интернет и флип чарт и има капацитет од 42 места.

Услови на понудата

  • ВИП ваучерот треба да се купи пред истекот на понудата.
  • Секој има право да купи неограничен број на ваучери.
  • Собите се во ограничен број.
  • Деца до 6 годишна возраст се сместуваат бесплатно.
  • Деца од 6 до 12 годишна возраст  плаќаат 5 €  на ден за ноќевање со појадок, ручек и вечера.
  • Деца над 12 години или трет возрасен плаќаат фиксна цена од 20 € со појадок, ручек и вечера.
  • Максималното сместување во двокреветна соба е двајца возрасни и две деца.
  • Сместување во хотел САМО во Недела е по 15.00 часот
  • За сопствениците на домашни миленичиња предлагаме хотел за кучиња
  • Сите партиципации и доплати се вршат на рецепцијата во хотелот.
  • Валидност на ваучер: од 01 октомври до 30 ноември 2015год.
  • Потребна е претходна резервација пред купување на тел: +359 888/84 86 60; +359 882/25 55 25; +359 885/88 88 00; или е-mail: [email protected]и потврда на резервацијата по купување на ваучер такашто ќе го издиктирате кодот на ваучерот.
  • Видете ги сите Општи Услови.

Плаќање

  • Плаќањето на ваучерите се врши само и единствено во сајтот на VipPonuda.com.
  • Инаку Vipponuda.com не носи одговорност за понудената услуга.

СПА Хотел Селект - Велинград

СПА Хотел Селект****
Гр. Велинград, Р. Бугарија
Ул. Еделвајс №5
Тел: +359 ******
Моб: +359 ******

Моб: +359 ******
Моб: +359 ******
E-mail: [email protected]
Facebook: SPA Hotel Select
Website: www.spahotelselect.com

ВИП Понудата е предоставена од нашиот партнер - СПА Хотел Селект****, Велинград

Коментари
Валидност на ваучер: Валидност на ваучер: од 01.10.2015 до 23.12.2015

Уште понуди:

За да видите данните за контакт, трябва да сте регистриран потребител.